Рубрика: Електроника
Методи за тестирање апликации за PIC-микроконтролери
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој напис се опишани два метода за тестирање и отстранување проблеми во апликациите направени за PIC-микроконтролерите. Еден од методите е со користење на пораки за статус на извршувањето на апликацијата, а другиот е фокусиран на употреба на евтина ICD хардверска алатка изработена од Microchip.

При изработката на која било софтверска апликација се започнува со дефинирање на алгоритмите што ќе се применуваат за разрешување на поставениот проблем, пишување на кодот во одбраниот програмски јазик и, се разбира, на крај останува тестирање и корекција на напишаниот код. Секој од овие чекори е подеднакво важен во изработката на апликацијата, вклучувајќи ги и тестирањето и корекцијата на проблемите. При тестирање на апликацијата, особено во почетните чекори, ќе увидите дека апликацијата не ги извршува поставените задачи како што сме замислиле. Во тој момент започнуваме со детекција каде е проблемот и негово разрешување. Во овој текст ќе бидат опишани два метода за разрешување на проблемите: со користење на пораки за статус на извршување и со употреба на хардверски алатки за инвазивно тестирање/корекција на апликацијата.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.