Рубрика: Електроника
Бројач на вртежи на автомобилски мотор
Автор: Александар Јорданов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Бројачот на вртежи (обртомерот) во автомобилот служи за регистрирање на вртежите на моторот, а со тоа и следење на неговата работа. Од бројот на вртежите на моторот зависат две негови карактеристики: снагата и вртливиот момент. Вртливиот момент ја претставува силата со која клиповите дејствуваат врз коленастото вртило. Ако ги погледнеме овие особини на кој било автомобилски мотор ќе видиме дека снагата расте со бројот на вртежи сé до некоја максимална вредност, а потоа опаѓа. Кривата на вртливиот момент покажува максимум на одреден број вртежи (малку над половината од максималниот број вртежи), а потоа опаѓа.
Во овој напис ви претставуваме електрична шема и соодветно ППК решение на обртомер со 10 ЛЕД диоди.

Работата на моторот во областа околу максималниот вртлив момент има неколку предности: моторот најдобро забрзува, има најдобро искористување и најмала потрошувачка по единица снага што ја дава. Ова е посебно важно кај автомобилите со помала снага. Кај подобрите автомобили сериски се вградуваат обртомери од електромеханички тип за кои е потребен посебен приклучок на моторот. Во овој проект ви претставуваме обртомер кој може да се вгради во секој автомобил на едноставен начин. За мерењето на вртежите потребен е претворувач на електрична величина во зависност од бројот на вртежи која потоа ќе ја прикажеме на дисплеј. Кај бензиските мотори ваков претворувач е прекинувачот во разводникот, т. н. платина. Оската на разводникот се врти со половина од бројот на вртежи на моторот, па бројот на импулси во минута што ќе се појават на примарот на индукциониот калем ќе биде:
0,5 x број на вртежи x број на цилиндри.
Овие импулси треба да се избројат и да се претворат во еднонасочен напон погоден за дисплејот (покажувачот).

Исправки и дополнувања:
Бројач на вртежи на автомобилски мотор

Пропуст е направен и во списокот на елементи на бројачот на вртежи за автомобил (стр. 17). Пропуштениот отпорник R11 треба да има вредност 33Ω/0,5W.


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.