Електроника

Во денешната ера на светлосни реклами и разнобојни натписи едноставно неизбежно се наметнува потребата од уред кој ќе ни овозможи вклучување и исклучување на светлосни сегменти по однапред определен редослед. Со оглед на ова барање можеме нашата реклама да ја поделиме на бесконечно многу сегменти, но задржувајќи ја реалноста во барањата мораме да направиме компромис. Компромисот во овој случај може да се сведе на 4, 8, 15 или повеќе сегменти. Токму за еден ваков флексибилен уред со повеќе опции ќе стане збор во овој проект поделен во два дела. Во понатамошниот текст ќе ја презентираме 15-каналната изведба, а во следниот број изведбите со 4 и 8 канали. 


Електроника

Голем број читатели изразија желба да објавиме проект на аудио миксер при што, се разбира, секој читател имаше (и има) свои специфични барања. Тие се движеа од наједноставните решенија со минимален број на елементи, па се до повеќеканални професионални миксети во кои примарен би бил квалитетот и можностите. Ваквите идеи се совпаѓаат со размислувањата на редакцијата за разработка на проекти на неколку аудио миксери (од наједноставни до најсложени) и нивно постепено објавување на страниците на ЕМИТЕР. Овој план започнуваме да го реализираме од овој број со објавување на проектот за едноставен троканален стерео аудио миксер ЕМИТЕР MIXER 3S.


Електроника

Поимите дигитален засилувач, засилувач во D – класа, прекинувачки засилувачи и PWM засилувач се однесуваат на засилувачите кои го конвертираат влезниот сигнал во правоаголен сигнал со променлив однос импулс – пауза. Основната карактеристика на овие засилувачи е големата искористливост (скоро 100%) и тоа ги прави погодни за преносни засилувачи, кај кои мали изобличувања не се клучен фактор. Засилувачот прикажан овде работи во аудио опсегот и од 6V батерија дава моќност од околу 5W.


Електроника

Големата распространетост на персоналните компјутери пројавува интерес за нивна широка употреба во сите сфери на секојдневието. Овој интерес е особено голем во сферата на производството, каде контролата на производството е препуштена на PC системот. Во понатамошниот дел од текстот авторот ви прикажува едно прикладно решение со кое ќе го поврзете вашиот компјутер во производниот процес.


Телекомуникации

Приемните телевизиски и УКБ антени претставуваат важна компонента за квалитетен прием на телевизиските и радиопрограми. Во некои случаи и на места кои се многу блиску до предавателот, може да се укаже потреба од користење на антена со цел да се избегнат пречките, или пак да се постигне добар прием во пределите кои се во сенка на предавателот. За телевизиското и УКБ подрачје постојат голем број антени, од кои секоја има свои специфични карактеристики.


Аудио и видеотехника

Во квалитетните звучни кутии (а и во помалку квалитетните) вградени се најмалку по два звучника – едниот (бас, woofer) ги репродуцира ниските и средните фреквенции, а другиот (високотонецот, tweeter) ги репродуцира високите. Заради постигнување на подобра репродукција на звукот понекогаш се користи и трет звучник (среднотонец, midrange) кој ги покрива само средните фреквенции.


Аудио и видеотехника

Во овој број се одлучивме да ви претставиме три засилувачи, секој врвен во својата класа. Тоа се Copland CSA 14, Thorens Consequence и Quad 77.


Информатика

Честопати ги потценуваме домашните умови во компјутерската технологија, споредувајќи ги со странските. Но дали сме толку ниско? Ако ги погледнеме светските стандарди, не можеме да се споредуваме, но одделно гледано не сме толку лоши. Најнов пример за ваква охрабрувачка констатација е направениот (и во пракса потврдениот) алгоритам за анализа на состојбите на биомедицински сигнали, базиран на PC компатибилна картичка.


Телекомуникации

Постојат многу области во светот во кои е невозможно или премногу скапо обезбедувањето на телефонските линии со класичните методи, надземен вод или подземен кабел. Причини за тоа можат да бидат лошиот терен, лошите атмосферски услови, неповолниот распоред на претплатниците. Во такви случаи најчесто се користат радио телефонските системи. Ваквите системи работат на HF, VHF или UHF банд.


Електроника

TDA 2006 е монолитно интегрирано коло сместено во PENTWATT куќиште кое се изработува во "H" и "V" верзија и е потполно исто со куќиштето на TDA 2030. Тоа може да се забележи на слика 1 и 2. Самото коло се користи за изработка на ниско фрекфентни аудио засилувачи кои работат во класа AB.


Електроника

Досега многу пати, на многу места се пишувало за полначи за акумулатори, но не и за ова решение кое ги обединува и дополнува сите досегашни написи. Предноста на овој полнач е неговата потполна автоматика, неговата "интелигентност" – тој мисли за се, а на ракувачот му обезбедува комплетен комфор при експлоатацијата.


Уводник

Многумина од Вас, драги читатели, сигурно се прашуваат зошто овој број на ЕМИТЕР е двоброј.
Причини за ова има повеќе, меѓутоа основната причина е потребата на редакцијата за еден краток одмор, кој ќе биде искористен за средување на впечатоците од досегашното работење и изготвување план за натамошно излегување на списанието.


Омнибус

Мало, а чисти како и големите;
Пробрамибилен атенуатор;
Burr-Brown операциони засилувачи;
Мало, помало... SMD;
Не е SMD, ама сепак е мало