Рубрика: Електроника
Интелегентен полнач на акумулатори
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Досега многу пати, на многу места се пишувало за полначи за акумулатори, но не и за ова решение кое ги обединува и дополнува сите досегашни написи. Предноста на овој полнач е неговата потполна автоматика, неговата "интелигентност" – тој мисли за се, а на ракувачот му обезбедува комплетен комфор при експлоатацијата.

- Најважната предност, која досега сите полначи ја занемаруваат, е полнењето на акумулаторот со константна струја која изнесува една десетина од номиналниот капацитет, на пример: за акумулатор од 45 Ah, номиналната струја на полнење е 4,5A.
- Втората предност претставува автоматско исклучување на полнењето при напон од 2,4V по ќелија, т.е. 14,4V за оловниот акумулатор.
- Третата карактеристика што ја оддава "интелигентноста" на овој полнач е можноста за неограничен, случаен или намерен краток спој на излезните приклучоци на клемите од акумулаторот.
- Четврта предност претставува елиминирање на опасноста од обратно прикачување на акумулаторот.
- Петта предност е тоа што уредот полни само акумулатори од 12V, додека воопшто не започнува со работа за шест волтни акумулатори.

Исправки и дополнувања:
74

Во шемата на полначот на акумулатори диодата D1 (1N 4148) треба да биде обратно поставена.


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.