Рубрика: Телекомуникации
TDMA комуникациски систем
Автор: Драгољуб Патчев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Постојат многу области во светот во кои е невозможно или премногу скапо обезбедувањето на телефонските линии со класичните методи, надземен вод или подземен кабел. Причини за тоа можат да бидат лошиот терен, лошите атмосферски услови, неповолниот распоред на претплатниците. Во такви случаи најчесто се користат радио телефонските системи. Ваквите системи работат на HF, VHF или UHF банд. Системите кои работат на HF се ограничени на 2 до 30 MHz и треба во текот на денот да ја менуваат фреквенцијата за да се избере поволна пропагација. Ваквиот систем е често подложен на интерференција и не може да се обезбеди квалитетна и сигурна врска. Системите кои работат на VHF или UHF подрачјето обезбедуваат подобар квалитет на сигналот. Единствен проблем кој се јавува е тоа дека за секој говорен канал (претплатник) се користи еден пар на фреквенции, односно еден пар составен од предавател и приемник. Ваквиот пристап доведува до неефикасно користење на фреквентниот спектар, а се зголемуваат и трошоците по претплатник. Овие проблеми се надминати кај микробрановите системи кои го користат принципот на TDMA (Time Division Multiple Access). За да се разбере суштината на оваа кратенка која значи мултиплекс со временска распределба на канали и повеќекратен пристап ќе разгледаме еден пример за таков систем (сл.1).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.