Емитер 3/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Радиоаматерските комуникации и во најтешки услови не можат да бидат целосно прекинати. Тоа, главно, се должи на големата дисперзираност на радиоаматерските станици, нивната системска независност од земската инфраструктура, големата флексибилност за функционирање во импровизирани услови и, секако, секогаш присутната спремност на радиоаматерите да £ помогнат на својата заедница во најтешките моменти.
Досега повеќе пати се докажало дека кога останатите комуникациски системи откажуваат, радиоаматерските комуникации и натаму се во функција и неретко се единствен начин за врска со надворешниот свет.
Примерите за тоа се многубројни. Македонските радиоаматери први во светот ја пренеле веста за катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, со што овозможиле колку што е можно поскоро да пристигне неопходната помош. За време на воените конфликти во регионот во 90-те години од минатиот век, македонските радиоаматери преку одржување радиоврски помогнаа многу раселени семејства од кризните подрачја да се информираат за своите најблиски. За време на ураганот Катрина во 2005 година во САД за овозможување на неопходните радиокомуникации биле ангажирани преку илјада радиоаматери. При земјотреси, поплави, урагани, цунами, пожари, терористички напади, хуманитарни катастрофи и други непогоди, радиоаматерите успеваат да воспостват витални радиокомуникации додека состојбата не се нормализира.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.