Рубрика: Телекомуникации
Радиоаматерски QRP активности
Автор: Владимир Ковачески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во радиоаматеризмот, под QRP активности се подразбираат одржувањето радиоврски со мала излезна моќност на предавателот, додека едновремено се тежнее кон ефектно максимизирање на дистанците на коишто се комуницира.

Терминот QRP е преземен од стандардната меѓународна Q код-таблица на радиоаматерски комуникациски кратенки, каде што "QRP" и "QRP?" се употребуваат за да се побара кореспондентот да ја "намали излезната моќност на предавателот" или да праша "дали да ја намали својата излезна моќност на предавателот". Најголемиот број радиоаматери користат радио-предаватели со излезна моќност од околу 100 W, а, во повеќето земји, максималната дозволена излезна моќност за радиоаматерските станици е до 1500 W. QRP-активистите сметаат дека не е секогаш неопходно да се употребува голема излезна моќност, па затоа го применуваат правилото, според кое ја употребуваат минималната излезна моќност што им овозможува успешна радиокомуникација во дадените услови.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.