Емитер 1-2/1996.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во денешната ера на светлосни реклами и разнобојни натписи едноставно неизбежно се наметнува потребата од уред кој ќе ни овозможи вклучување и исклучување на светлосни сегменти по однапред определен редослед. Со оглед на ова барање можеме нашата реклама да ја поделиме на бесконечно многу сегменти, но задржувајќи ја реалноста во барањата мораме да направиме компромис. Компромисот во овој случај може да се сведе на 4, 8, 15 или повеќе сегменти. Токму за еден ваков флексибилен уред со повеќе опции ќе стане збор во овој проект поделен во два дела. Во понатамошниот текст ќе ја презентираме 15-каналната изведба, а во следниот број изведбите со 4 и 8 канали.
Тргнувајќи од хронологијата на настаните при изработка на еден готов производ се прашуваме најпрво за крајната цел. Како што веќе спомнавме на почетокот, сакаме уред кој ќе ни овозможи вклучување и исклучување на светлосни сегменти по однапред определен редослед. Со оглед на ова барање можеме нашата реклама да ја поделиме на бесконечно многу сегменти, но притоа се среќаваме со проблемот: "Кој уред може да ни го овозможи тоа?". Задржувајќи ја реалноста во барањата мораме да направиме компромис. Компромисот во овој случај може да се сведе на 4, 8, 15 или повеќе сегменти.
Меѓутоа за цело време треба да се има во вид и техничката изведба на уредот. На пример 4 сегменти може да вклучува и исклучува сосема едноставен уред, кој по својата природа е и со пониска цена на чинење. Сепак треба да внимаваме бидејќи тој многу не ограничува при изработката на една реклама.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.