Рубрика: Електроника
Автоматски телефонски преклопник со можност за повикување АДР Б25
Автор: Игор Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Автоматскиот телефонски преклопник сместен во соодветна компактна кутија

Овој проект е развиен од практични причини од авторот на текстот уште пред повеќе години, и тоа наменски за работа во суровите услови на “сафарито” популарно наречено “аналогна” телефонска централа. Уредот (во понатамошниот текст АДР Б25) обединува дел од карактеристиките на автоматскиот телефонски преклопник од минатиот број и некоја мала телефонска централа. Тој овозможува на една телефонска линија да се приклучат два телефонски приклучоци, има можност за префрлување на врската, нема “ѕврцкање” на едниот телефонски апарат при бирање на броевите на другиот телефонски апарат и нема прислушкување.

Во ЕМИТЕР број 10/97 беше објавен текст за т.н. автоматски телефонски преклопник. Во овој број објавуваме текст за еден сличен уред што го носи истото име, но за разлика од името на уредот во минатиот број, зборот “автоматски” потполно го заслужува. Уредот е развиен од практични причини од авторот на текстот уште пред повеќе години, и тоа наменски за работа во суровите услови на “сафарито” популарно наречено “аналогна” телефонска централа. Сигурно, многумина од Вас кои поседуваат два или повеќе телефонски апарати им се случило после подигањето на слушалката при некој телефонски повик да воочат дека повикот не е за Вас туку за некој кој е на другиот телефонски апарат. Притоа, најчесто за да му “соопштите” на другот лице дека повикот е за него, сигурно сте се користеле со периодично спуштање и подигање на слушалката од телефонскиот апарат за да “ѕврцнете” на тој на кого се однесува повикот, или пак сте употребувале повисок тон, тропање по плафонот од собата, тропање по цевките од парното и.т.н. Сега сето тоа со користењето на овој уред едноставно можете да го заборавите. Уредот (во понатамошниот текст АДР Б25) обединува дел од карактеристиките на автоматскиот телефонски преклопник од минатиот број и некоја мала телефонска централа.

Автоматскиот телефонски преклопник е идеален за вашата куќа, стан или канеларија. Предностите можеме накратко да ги наброиме:

  • Една телефонска линија – два телефонски приклучоци.
  • Можност за префрлување на врската.
  • Нема “ѕврцкање” на едниот телефонски апарат при бирање на броевите на другиот телефонски апарат.
  • Нема прислушкување
  • Го подобрува квалитетот на телефонската линија.
  • Можност за поврзување на повеќе телефонски апарати (телефакс или модеми)
  • Двожилно поврзување на сите видови на телефони, телефакси и модеми.

АДР Б25 е уред кој работи на принцип на двојничка кутија со можност на префрлување на врската. Имено АДР Б25 има еден влез за телефонската линија и два приклучока за еден или повеќе телефонски апарати. Кога од локалната централа се испраќа сигнал за  ѕвонење, ѕвонат и двата телефонски апарати приклучени на двата приклучоци од АДР Б25. По подигањето на слушалката на еден од телефонските апарати, другиот истовремено се исклучува. Доколку повикот не е за Вас, односно за личноста на тој телефонски апарат, туку за некој што е на другиот телефонски апарат, доволно е  да завртите 01 (импулсен начин на бирање), при што АДР Б25 тоа го регистрира и испраќа сигнал за ѕвонење на другиот телефонски апарат. Откако ќе се подигне слушалката на другиот телефонски апарат, линијата автоматски се префрла од првиот на вториот телефонски апарат (комутацијата е возможна и во спротивната насока). По спуштањето на слушалката на вториот телефонски апарат, уредот е подготвен за нов повик.

Кога сакате да му се јавите на некого, при бирањето на телефонскиот број и за време на разговорот, другиот телефонски апарат е исклучен, со што се елиминира неговото “ѕврцкање” при бирањето на бројот, и можноста за прислушкување за време на разговорот од истиот.

Изработените ППК со монтирани елементи од автоматскиот телефонски прекклопник

Решението на печатената плочка е малку специфично. Електричната шема е реализирана на две одделни печатени плочки од кои едната се наоѓа над другата. Таквото решение е избрано поради комактност на АДР Б25 и релативно малата кутија во која требаше да се вгради уредот. Но тоа не значи дека вие не можете да проектирате некоја друга печатена плочка кај која можете да направите соодветни ”рокади” на одделни логички кола со оглед на нивната симетричност, се со цел да ја поедноставите печатената плочка.

Уредот АДР Б25 е развиен од страна на авторот на текстот пред повеќе години кога дигиталните централи беа “science fiction”. Затоа основната концепција беше развиена врз база на пулсното бирање. Употребата на моностабилите, RC членовите, двата трансформатори и некои други компоненти за кои многумина (од вас поамбициозните) ќе кажат дека се непотребни, беше условена од хаосот што постоеше во локалната телефонска мрежа и од условите на нашиот пазар на компоненти што постоеше тогаш. Многумина од вас немаат ни одалеку претстава за отстапувањата на напоните, струите, капацитивностите, импулсите и т.н. од она што треба да биде стандард. Па затоа после подолг период на експериментирање се издвои ова решение на уредот, како најсигурно решение кое може да се “справи” со секоја локална телефонска централа.

Главни елементи и материјали:

ИК: CD40106, CD4081, CD4538, CD4027, CD4017, CD4017, CD4071, CD4538, CD4027,  ICM7556, LM7805 или LM78L05

2 Трансформатори: еден min 1,5W  220V/12V и втор min 1W  220V/9V

 
Клучни зборови:
Автоматскиот телефонски преклопник сместен во соодветна компактна кутија

Автоматскиот телефонски преклопник сместен во соодветна компактна кутија

Изработена ППК со монтирани елементи од автоматскиот телефонски прекклопник

Изработена ППК со монтирани елементи од автоматскиот телефонски прекклопник

Изработена ППК со монтирани елементи од автоматскиот телефонски прекклопник

Изработена ППК со монтирани елементи од автоматскиот телефонски прекклопник


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.