Емитер 5-6/1996.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Со појавата на интегрираните напонски стабилизатори од сериите 78XX и 79XX пред околу 15 до 20 години до максимум се поедностави проектирањето и конструкцијата на стабилизирани напонски извори за напојување. Причина за ова е нивната ниска цена, едноставна изведба (имаат само три изводи) како и тоа што скоро и да не се потребни никакви пресметки, а во одредени случаи не се потребни ни други надворешни елементи.
78XX е серија на напонски стабилизатори за позитивен напон, а 79XX е серија на напонски стабилизатори за негативен напон. Ознаката XX всушност се два броја кои ја означуваат вредноста на стабилизираниот излезен напон. На пример: стабилизаторот 7805 е стабилизатор за позитивен излезен напон од 5V, 7912 е стабилизатор за негативен напон од 12V итн. Овие напонски стабилизатори се произведуваат со неколку стандардни вредности за излезниот напон и тоа најчесто за 5, 6, 8, 10, 12, 15, 18, 20 и 24V. И во поглед на максималната излезна струја постојат неколку стандардни изведби – најчесто се сретнуваат за 100mA, 500mA, 1А и 3А. Видот на куќиштето зависи од максималната излезна струја – пластични куќишта се користат за помалите струи, а металните куќишта за поголеми. На слика 1 е прикажан обликот на куќиштето ТО-92 и распоредот на изводите за напонските стабилизатори 78XX и 79XX предвидени за максимална излезна струја од 100mA.
На слика 2 е прикажан распоредот на изводите кај куќиштето ТО-220 кое најчесто се користи за изведбите со максимална излезна струја од 1А, а понекогаш и за 0,5; 1,5 и 2А. На слика 3 пак е прикажан распоредот на изводите кај куќиштето ТО-3 кое се користи за стабилизаторите предвидени за поголеми моќности и струи (1А, 3А и 5А). Физичките димензии на овие куќишта кои ни се потребни при конструкцијата се прикажани на слика 4.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.