Рубрика: Електроника
Дискретни напонски стабилизатори VR-01, VR-02
Автор: Дејан Трпески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во претходните броеви на ЕМИТЕР, во неколку наврати е пишувано за популарните монолитни стабилизатори кои често се користат. Во оваа прилика ќе бидат претставени две релативно едноставни решенија на напонски стабилизатори, реализирани во дискретна технологија. И покрај нивната едноставност, овие решенија се одликуваат со одредени предности. Тука пред се спаѓаат: ниската вредност на минималниот напон помеѓу влезот и излезот неопходен за нормална работа на стабилизаторите (кој е под 1V), можноста за промена на излезниот напон, вградената струјна заштита, евтината изработка и едноставната примена. И кај двете решенија излезна струја е ограничена на приближно 200mA, максималниот влезен напон изнесува 30V, а излезниот напон може да се менува од 4,7V до 29V.

Првото решение се состои од извор на референтен напон, побуден степен и излезен степен, додека второто решение е малку посложено, но затоа овозможува континуирана промена на излезниот напон. Поврзувањето е идентично со она на напонските стабилизатори со три изводи (ЕМИТЕР 5-6/96). Имајќи го ова предвид и познавајќи го принципот на работа, истите методи кои се користат за зголемување на излезната струја и за проширување на опсегот на влезениот и излезниот напон кај стабилизаторите со три изводи можат да се применат и кај VR-01 и VR-02.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.