Електроника

При развој на софтвер за најразлични конструкции со микро контролери се јавува потреба од брза проверка на неговата функционалност во пракса. Идејата е програмата што се развива да се префрли од персонален компјутер во програмската меморија на микроконтролерот а при тоа да се избегне програмирање на епром секојпат кога ќе се тестира програмата.


Електроника

Погледнувајки наназад во нашето излагање, веќе можеме да кажеме дека се осврнавме на поголем дел од функционалните блокови на Микроконтролерот 8051. Но сепак не може да кажеме дека сме ги обработиле сите, ниту пак дека детално сме се задржале на било кој од нив. Целта на овој текст ни во почетокот не беше таква - ние всушност се трудевме да ве запознаеме со микроконтролерите, преку 8051 како директен претставник на кој го сконцентриравме нашето внимание.


Аудио и видеотехника

Американската фирма Monster Cable Products е специјализирана за производство на разни видови на кабли за поврзување на Hi-Fi уредите, а најпозната е по нејзините кабли за звучници. Monster Cable Products се гордеат со фактот што нивните кабли се користат во бројни познати студија за снимање во Лос Ангелес, Њујорк и Нешвил. Многу познати имиња од музичкиот свет, како на пример Мајкл Џексон, користеле Monster кабли при снимањата. За некои хит филмови, на пример Star Trek 6, користени се аудио снимки направени со Монстер кабли. Заинтересираните можат од Monster Cable Products да добијат список на позначајните студиија за снимање кои се опремени со Monster кабли и список на музичарите и нивните хитови снимени во овие студија, како и список на филмовите за кои биле употребени снимки направени со Monster кабли.


Електроника

Во претходните броеви на ЕМИТЕР, во неколку наврати е пишувано за популарните монолитни стабилизатори кои често се користат. Во оваа прилика ќе бидат претставени две релативно едноставни решенија на напонски стабилизатори, реализирани во дискретна технологија. И покрај нивната едноставност, овие решенија се одликуваат со одредени предности. Тука пред се спаѓаат: ниската вредност на минималниот напон помеѓу влезот и излезот неопходен за нормална работа на стабилизаторите (кој е под 1V), можноста за промена на излезниот напон, вградената струјна заштита, евтината изработка и едноставната примена. И кај двете решенија излезна струја е ограничена на приближно 200mA, максималниот влезен напон изнесува 30V, а излезниот напон може да се менува од 4,7V до 29V.


Аудио и видеотехника

Засилувачките уреди, предзасилувачот и засилувачот, се средишни делови на аудио составот во кои се собираат сигналите од CD плеерот, грамофонот, тјунерот итн, се засилуваат и преку звучничкиот состав се испраќаат кон слушателот. Засилувачот и предзасилувачот можат да бидат одвоени компоненти или, што е најчест случај, здружени во интегриран засилувач.


Електроника

Откако фирмата Dolby воспостави стандард и разви специјални интегрални кола за добивање "просторен" звук во домашни услови, се разви една нова област во аудио-видео техниката, наречена "home cinema", која доживува нагла експанзија.


Уводник

Одвреме навреме се јавува по некој читател со замерка дека има премногу текст во објавените проекти и апликации и со сугестија текстуалното објаснување да се скрати само на најбитното, а на сметка на тоа да објавиме уште некоја шема.


Електроника

Во минатиот број имавте можност да се запознаете со програмскиот пакет наменет за дизајн на електрични кола и ППК - “EAGLE”. Прво ќе започнеме со описот на цртање на електричната шема, а потоа на ППК. Печатењето на документите и снимањето како графички фајлови (TIFF) ќе го опишеме во следниот број.


Телекомуникации

Теоријата за ширењето на електромагнетните бранови ја поставил британскиот научник J. S. Maxwell, според која тие во слободниот простор се шират праволиниски и со брзина на светлината. Околу секој проводник низ кој тече електрична струја се создава магнетно поле. Наизменичната струја произведува наизменично магнетно и наизменично електрично поле. Овие две полиња се нераздвојни, што значи постоењето на едното од нив го условува појавувањето на другото.


Електроника

Колото кое овде ќе биде опишано во основа е релеј кој реагира на звук, останува вклучен одредено време и се исклучува автоматски. Примената на ваквиот уред може да биде различна. Може да се користи како автоматско светло над влезната врата кое реагира на домашното ѕвоно, или како светло над гаражата кое ќе се вклучи штом ќе се приближите со вашата кола.


Омнибус

Календар на поважни УКБ меѓународни натпревари за 1997 година; Календар на КБ натпревари; Македонија DX група; MDX - Award; Z3 - DXCC почесна листа; Правила за натпреварот CQ-WW-WPX; DX - педиции


Омнибус

Ново од Tektronix; Нови CD - ROM - ови од Toshiba; Нова паневропска фибероптичка мрежа; Индустриски глушец; Најава за нови чипови; Напредок во технологијата на оптичките влакна; British Hi-Fi Awards 1996


Писма
Предаватели и звучници
Интегрирани кола, засилувачи и еквилајзери
Миксета