Емитер 3/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Засилувачките уреди, предзасилувачот и засилувачот, се средишни делови на аудио составот во кои се собираат сигналите од CD плеерот, грамофонот, тјунерот итн, се засилуваат и преку звучничкиот состав се испраќаат кон слушателот. Засилувачот и предзасилувачот можат да бидат одвоени компоненти или, што е најчест случај, здружени во интегриран засилувач. Без разлика на формата нивна задача е во текот на процесот на засилување на сигналот да не го нарушат неговиот изворен облик и особините на сигналот кој треба да се засили. Идеално би било кога сигналот на влез би бил со идентична форма како и сигналот на излез на засилувачот, но значително посилен. Количината на изобличувањата кои што ги внесува засилувачкиот степен во споредба со другите компоненти во аудио системот е занемарлива. Најголемиот број засилувачи имаат практично линеарен фреквентен одзив од 0 до над 200kHz, хармонички и интермодулациски изобличувања кои се мерат со илјадити делови од процентот, односот сигнал/шум скоро редовно е над 100dB. Од тука, предзасилувачот и засилувачот се далеку најсупериорни компоненти во аудио составот кои создаваат најмалку проблеми.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.