Емитер 3/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Одвреме навреме се јавува по некој читател со замерка дека има премногу текст во објавените проекти и апликации и со сугестија текстуалното објаснување да се скрати само на најбитното, а на сметка на тоа да објавиме уште некоја шема.
За оние читатели кои размислуваат на сличен начин должен сум да ги дадам следните појаснувања.
Една од основните функции на списанието, која е зацртана и во основачкиот акт, е неговата едукативна функција. Поради тоа написите се така конципирани за да може читателот, покрај практичната корист од изработката на прикажаниот склоп, да стекне и одредено знаење за него и соодветната област од електрониката. Ако некој читател не го интересира тоа или пак веќе го знае може да го прескокне теоретското објаснување и веднаш да премине на практичната изработка на уредот. Повеќето читатели сепак позитивно го ценат деталното изложување на проектите што јасно може да се забележи од резултатите од анкетата што ги објавивме во бројот 9/96 - од графикот за единаесетото прашање се гледа дека 52,8% од читателите го смета тоа за позитивно, а од графикот за петнаесетото прашање се гледа дека 71,6% од читателите најмногу сакаат во ЕМИТЕР да има баш такви написи.
Главен уредник
Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.