Емитер 3/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Откако фирмата Dolby воспостави стандард и разви специјални интегрални кола за добивање "просторен" звук во домашни услови, се разви една нова област во аудио-видео техниката, наречена "home cinema", која доживува нагла експанзија. Поентата е во тоа што и покрај стандардните два аудио канали (лев и десен), сега се користат и додатни три канали (централен и два позадински) кои му даваат просторна димензија на звукот, така што од нашите соби прават мали кино-сали (Dolby surround првобитно е развиен за примена во кино сали). Комерцијалните уреди кои можат да се набават и кај нас користат специјални Dolby-еви интегрални кола за добивање на потребните 5 аудио сигнали, како и 5 излезни засилувачи и 5 звучни кутии, често специјално конструирани за таа намена. Сето ова изгледа и звучи многу убаво, но за таков систем треба да издвоите неколку илјади марки. За среќа, секој малку повешт електроничар може, за само дел од тие пари, да направи уред кој ќе му обезбеди сосема добар просторен ефект, без употреба на специјални интегрални кола. Кај нашиот систем на стандардниот стерео телевизор се додава централен канал, како и surround канал на кој паралелно се врзани два звучници (стерео ефектот кај позадинските звучници не е толку битен). Во самиот уред се вградени два интегрирани 20W засилувачи, така што ни се потребни само уште три звучни кутии со задоволителен квалитет, и нашето приватно кино е тука.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.