Емитер 3/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Погледнувајки наназад во нашето излагање, веќе можеме да кажеме дека се осврнавме на поголем дел од функционалните блокови на Микроконтролерот 8051. Но сепак не може да кажеме дека сме ги обработиле сите, ниту пак дека детално сме се задржале на било кој од нив. Целта на овој текст ни во почетокот не беше таква - ние всушност се трудевме да ве запознаеме со микроконтролерите, преку 8051 како директен претставник на кој го сконцентриравме нашето внимание. Оние кои ќе се одлучат да навлезат подлабоко во оваа област, секако ќе користат и дополнителни извори на информации. Оваа серија на текстови, според мислењето на авторите, ги задоволува потребите за отпочнување со работа.Се трудевме да ве запознаеме со внатрешната структура на микроконтролерот 8051 и со основните информации кои се потребни пред да се отпочне со проектирање. Во овој дел од текстот ќе се задржиме на прекините, состојбата на микроконтролерот по ресет и комуникацијата по серискиот канал.
Тука некаде ја завршуваме приказната за микроконтролерите. Се надеваме дека ве заинтригиравме и го задржавме вашето внимание, бидејки тоа ни беше целта во целото излагање. Во некој од следните броеви ќе го објавиме и сетот на наредби кои ги користи 8051, а веќе во овој објавуваме проект за матична плочка. Основната функција на матичната плочка е да овозможи што поконфорен и побрз развој на соодветен софтвер. Се надеваме дека ќе продолжите да ја следите нашата серија, сега опфатена од сосема друг агол, со целосен акцент на хардверот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.