Емитер 3/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Американската фирма Monster Cable Products е специјализирана за производство на разни видови на кабли за поврзување на Hi-Fi уредите, а најпозната е по нејзините кабли за звучници. Monster Cable Products се гордеат со фактот што нивните кабли се користат во бројни познати студија за снимање во Лос Ангелес, Њујорк и Нешвил. Многу познати имиња од музичкиот свет, како на пример Мајкл Џексон, користеле Monster кабли при снимањата. За некои хит филмови, на пример Star Trek 6, користени се аудио снимки направени со Монстер кабли. Заинтересираните можат од Monster Cable Products да добијат список на позначајните студиија за снимање кои се опремени со Monster кабли и список на музичарите и нивните хитови снимени во овие студија, како и список на филмовите за кои биле употребени снимки направени со Monster кабли.
Каблите наменети за поврзување на Hi-Fi уредите имаат тешка задача - без никакви промени треба да го пренесат сложениот музички сигнал, и тоа во опсегот од 16 Hz до 20 kHz. Надолжната индуктивност и капацитивност на кабелот влијаат врз обликот на пренесениот музички сигнал, а при повисоките фреквенции се јавува и скин-ефектот. Сево ова ја усложнува конструкцијата и изработката на кабелите. Monster Cable произведува повеќе видови интерконекциски кабли. Моделите M1500, M1000i, M950i, M850i, M550i и M350i ја сочинуваат M серијата. Истите напредни решенија од M серијата на интерконекциски кабли се употребени и во M серијата на кабли за звучници - M2.4s Biwire, M2.2s, M1.4s Biwire, M1.2s и MCX-2s. Monster Cable Products има и комплетна производна програма на автомобилски аудио кабли и опрема.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.