Во неговата понуда на RTS термички осигурувачи/прекинувачи, којашто беше првично претставена во 2018 година, Schurter додаде нискотемпературен прекинувачки модел. Новите термички прекинувачи наместо на температури поголеми од 210°C, се активираат на температура поголема од 175°C.
Овие електронски елементи се создадени за заштита на енергетските полуспроводници од прегревање, а особено од термички скокови во случаи кога полуспроводниците се сместени во затворен простор. Во таков случај, сега термичкиот прекинувач го прекинува колото веќе на температура од 175°C.
RTS-BC100 вообичаено се употребува на струја 400A при напон од 24Vdc, има отпор од 90 – 110μΩ и работи во температурен опсег од -40 до 125°C
Термичкиот прекинувач RTS-BS500 е сличен, но има отпор од 500 – 580μΩ, бидејќи вклучува и шант отпорник со низок температурен коефициент, за детектирање на струјата.
RTS е кратенка за Reflowable Thermal Switch, односно температурен прекинувач што може машински да се леми. По лемењето на плочката, горниот дел од прекинувачот треба да се турне надолу за да се активира. Како што информираат од компанијата “Пред механички да се активира, новиот термички прекинувач може да се леми со конвенционални машини за лемење кои лемат со паста (reflow) на температури до 260°C”.
Основата е со димензии 6,6 x 8,8 mm (а висината е 6,7 mm), а што е прилично малку за компонента која може “да се справи со работни струи до 130 А и напон до 60 Vdc“.
Термичките прекинувачи треба да се сместени во непосредна близина на полуспроводникот што го штитат. Максималната номинална струја зависи од температурата на околината и од околните водови на ППК, па така во податочниот документ (Datasheet) за овој прекинувач може да ги најдете информациите за кривите за намалување на номиналната струја. Обата RTS елементи може да се постават паралелно со цел да се справат со двојно поголема.