Рубрика: Аудио и видеотехника
Влез на хард дискот во аудио техниката
Автор: Бојан Угриновски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5-6/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Технолошките достигнувања од технолошкиот свет дефинитивно го изменија погледот на светот денес. Во доменот на аудио и видеотехниката компјутерите имаат многу што да кажат, а некои од принципите на дигиталните процесори веќе ги заменија старите техники на работа. Но дали е тоа сè?

По она што се случува последниве неколку години изгледа дека големите промени во професионалната аудиотехника штотуку следуваат. Станува збор за се поголемата заинтересираност за хард дискот како медиум кој веќе ја покажува својата супериорност над лентата. Во продолжение ви приложуваме два текста за нови производи кои се базираат на хард дискот како снимач – EMU Darwin 8 канален хард диск рекордер и Fostex DMT-8 мултитрак рекордер без лента. И обата и припаѓаат на генерацијата која дојде по првиот пробив на оваа техника и обата го носат чувството дека работите со старите добри снимачи на лента. Внатре сепак лента нема. А кои се другите разлики?

Во долгата листа на нови дигитални аудио продукти во 1995 се впиша и името на новиот производ на EMU наречен Darwin. Идејата на EMU при дизајнирањето на овој дигитален рекордер беше да се изработи производ кој ќе се натпреварува со дигиталните рекордери со лента кои се устоличија на пазарот. Натпреварот е во доменот на цената и едноставноста во употребата, но флексибилноста на хард диск снимањето и едитирањето е целосно на страната на Darwin.

Во времето кога Fostex објави деканема веќе да ги развива моделите на аналогни рекордери со лента, на луѓето од браншата им се чинеше дека она што ќе се случи ќе биде цената на дигиталните рекордери да падне на нивото на онаа на портабл мултитрак рекордерите. Но, тоа не се случи. Fostex направи чекор од седум милји и во еден замав прескокна цела една генерација милтитрак рекордери и стигна во новото времем оа се нафати да реализира интегриран осум канален миксер – хард диск рекордер, кој ги вклучува квалитетот на снимањето на хард диск и сеопфатноста на едно портастудио.

Клучни зборови:
EMU Darwin 8 канален хард диск рекордер

EMU Darwin 8 канален хард диск рекордер

Fostex DMT-8 мултитрак рекордер без лента

Fostex DMT-8 мултитрак рекордер без лента

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.