По повод Празникот на музиката на 21 јуни, компанијата АЛФА АУДИО за љубителите на квалитетниот звук ќе организира специјален музички настан на платото до Тренд Кафе во Skopje City Mall. Настанот, кој ќе започне во 12 часот, истовремено го обележува и 21-от роденден на АЛФА АУДИО.
Прославата е дел од месецот на музиката во АЛФА АУДИО, каде цел месец посетителите можат да искористат попуст од 10% до 25% на целиот асортиман.
На 21 јуни, посетителите ги очекува убава музика, многу дружење и мали изненадувања. Настанот е одлична можност посетителите да ги покажат своите диџејски способности, бидејќи секој посетител ќе може да си ја пушти музиката што ја сака директно од својот мобилен, благодарение на дигиталниот музички систем Minx Xi. Освен тоа што ќе имаат можност да се запознаат со главниот адут, уредот Minx Xi, посетителите ќе можат да се запознаат и со дел од професионалната опрема која може да се најде во АЛФА АУДИО.
Дигиталниот музички систем Minx Xi претставува специјално замислена направа, од фирма со долгогодишно искуство, која го комбинира традиционалното слушање музика со модерната дигитална технологија. Целта на Minx Xi е доближување на музиката до што поголема група на слушатели. HI-FI уживателите со сигурност ќе бидат задоволни од звукот на засилувачот на оваа моќна направа, како и помладите на кои високата технологија им е секојдневие.
Minx Xi е олицетворение на модерното живеење, овозможувајќи пристапување и слушање интернет радиостаници, преслушување MP3 записи преку USB мемориски картички, пристапување од сопствена домашна интернет мрежа и можност за користење на глобалната мрежа, како и зголемување на квалитетот на старите CD записи во високо резолуциски аудио квалитет за комплетно уживање и доживување. Повеќе за овој уред во ЕМИТЕР 12/2013.
АЛФА АУДИО ги поканува сите љубители на квалитетниот звук да дојдат на 21 јуни да го прослават Празникот на музиката и 21-от роденден на АЛФА АУДИО.
Компанијата АЛФА АУДИО е ориентирана кон видео и аудио решенија како и кон професионално осветлување. Компанијата функционира како ексклузивен увозник на голем број високо квалитетни брендови и исто така има сопствен сервис и центар за поправка, осигурувајќи ја гаранцијата на производите што ги нуди.
Солистис, Светскиот ден на музиката, е музички фестивал којшто се одржува секоја година на првиот ден на летото, 21-ви јуни. Идејата за првпат била зачната во 1976 година од страна на американскиот музичар Џоел Коен. Коен предложил цела ноќ музичка прослава на почетокот на летото (летниот солистициум), а идејата за прв пат се реализирала во 1982 година во Париз. Денес Празникот на музиката се прославува ширум светот.