Рубрика: Електроника
Регулација на брзината кај DC мотор
Автор: Страшо Блажевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5-6/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За автоматска регулација на брзината кај малите еднонасочни мотори, кои многу често се употребуваат во аудио и видео уредите, многу добро може да се искористи интегралното коло LM 1014.

Начинот на регулација на брзината се заснова врз фактот на промената на струјата низ моторот при промена на оптеретувањето. Всушност зависноста на струјата од оптеретувањето на оската на моторот е правопропорционална. Причината за тоа е во следново: со порастот на оптеретувањето, се намалува брзината на вртење, што предизвикува намалување на индуцираниот напон, поради што како последица се јавува зголемување на струјата низ моторот. Ова значи дека со зголемување на напонот на напојување на моторот може да се зголеми брзината која се намалила заради зголемување на оптеретувањето.
Ваквиот начин на регулација на брзината често се користи кај малите еднонасочни мотори во аудио и видео уредите, каде што е потребно да се одржува константна брзина на вртење при промени во граница од неколку проценти околу подесената брзина.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.