Рубрика: Аеронаутика
Тејлоркрафт Л-2 полета
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред повеќе од 25 години јас и брат ми Николче Поповски имавме идеја да изработиме авион во самоградба што на овие простори во тој период беше само илузија. Но она што овде не успеавме двајцата, тој успеа сам да го направи, да реставрира и да полета со авион од типот Тејлоркраф Л2-М во САД, каде живее повеќе од 22 години. Му беа потребни 8 години макотрпна работа – од прибирање на автентична документација и планови, преку целосна реставрација до првиот лет направен на 24.01.2010. Восхитот и радоста од овој извонреден успех решив да ја споделам со вас, драги читатели, преку оваа статија.

Желбата за градба на одреден елемент или направа особено е истакната кај некои поединци, што во крајна мера резултира со многу научни новитети. Но, и обнова, односно реставрација на одредени направи кои имаат историско значење кај некои е професија, но многумина со тоа се занимаваат поради ентузијазам. Токму во тој правец тргна брат ми Николче (Nick) Поповски – Струјата, кој пред повеќе од 22 години замина во САД. Идејата која ја имавме да изработиме авион во самоградба на овие простори во тој период беше илузија. Она што овде не успеавме двајцата, тој успеа сам да го направи, да реставрира и да полета со авион од типот Л2-М во САД. Тој настан кај мене предизвика особено чувство на восхит и, секако, радост.
Пред да преминам со описот за реставрација и реконструкција на авионот од типот Л-2, во кратки црти ќе ги запознаам читателите за какво летало се работи.

Технички карактеристики:

Седишта: 2;
Мотор: Continental 0-170-3-65 KS (48,47 kW);
Распон на крила: 10,80 m;
Должина: 6,93 m;
Висина: 2,40 m;
Тежина (оптоварен): 396 - 589 kg;
Максимална брзина: 141,6 km/h;
Максимамална висина: 3000 m;
Долет: 370 km

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина