Рубрика: Аеронаутика
Бе А-40 – сирената која "никогаш" не полета
Автор: Ненад Тониќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Освен кај вселенските летала, најочигледниот спој на врвната техника и технологија, како и најсовремените научни достигнувања е видлив токму кај борбените воздухоплови. Меѓутоа, дури ни ваквиот "застрашувачки микс" не може да ја сопре историјата, од време на време, да ја спушти својата стора, сурово трансформирајќи го еуфоричното "раѓање" на еден авион во правлив архивски материјал.

Првата асоцијација која се буди при самото споменување на поимот руска авијација се однесува на моќните машини со претставка МиГ или Су, воздухоплови кои, секој поединечно, поставуваа своевремено нови стандарди во категоријата “маслинесто-зелена” авијација. Сосема логична појдовна претпоставка и за персоналот на Таганрошкиот Авионски научно-технички центар “Г.М. Бериев”, чиј краен производ требало да задоволи одредени, конкретни потреби на оперативно напрегнатото руско воено воздухопловство. Поставените смерници веќе ја искристализирале “насушната” потреба да се покријат (поврзат) оддалечените, тешко достапни, а пред сѐ климатски сосема карактеристични географски региони (особено оние на крајниот руски северо-исток) во комбинација со неопходноста за нивно воено обезбедување и покривање, со нагласен акцент на поморскиот безбедносен сегмент.

Дизајнерскиот труд на новиот воздухоплов Бериев, Бе А – 40, популарно наречен “Албатрос”, е започнат сега веќе далечната 1983-та година, а првите официјални, полушпионски информации и сателитски фотографии добиени се (како и обично, од Западни извори) пет години подоцна. Официјално најголемиот хидроавион на сите времиња секако е доволна “мамка” и основана претпоставка за исклучителниот Западен интерес за овој најнов руски воен проект, кој, според добро воспоставената пракса, набргу го добива и својот стандарден НАТО код: “Сирена” ("Mermaid").

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.