Емитер 4/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Како да се запаметат повеќето контакт детали од една иста личност? Како да се организираат купот контакти напишани на ливчиња? Како да се заштитат од губење? Повикајте го ПОКЕН на помош!
Развојот на социјалните мрежи го крена нивото на интернет-комуникацијата на ново, далеку повисоко ниво. До таа мерка, што таквиот начин на комуникација почнува да создава и еден вид зависност од неа. Овозможува постојан и, што е особено важно во денешно време, бесплатен контакт со личностите со кои секојдневно се среќаваме и контактираме. Тоа повлече и креирање на своевиден јаз помеѓу "реалниот" свет и мрежните идентитети. Едноставно, големиот број разни социјални мрежи и апликации за интернет-комуникација повлече креирање на исто толкав број идентитети, без кои е невозможно воспоставувањето контакт. А тоа повлече потреба од размена на тие контакти помеѓу личностите кои сакаат меѓусебно да контактираат.
Некомпатибилност на телефоните, изгубени ливчиња со запишани контакти, повторно барање на истите, губење на телефоните…сè се тоа реални проблем со кои се сретнуваме. POKEN е мал симпатичен уред кој работите ги поедноставува до максимум. Како еден вид социјална визит-картичка, овозможува вашите контакти и лични податоци, број на телефон, e-mail адреса, фотографија и слично да ги размените буквално за секунда…буквално како да се ракувате.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.