Рубрика: Астрономија и астронаутика
Kолку е стабилен нашиот Сончев систем?
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали се можни промени на орбитите на планетите во Сончевиот систем со последици на судири помеѓу планетите? Според една суперкомпјутерска симулација, денес на тоа прашање научниците одговараат со "да"! Колкава е веројатноста тоа да се случи и која е причината за таквата судба на Сончевиот систем?

По откривање на законите кои управуваат со механиката на орбитирањето на планетите околу Сонцето, математичарите и астрономите верувале дека орбитите на планетите во Сончевиот систем се непроменливи. Според тоа, вие потполно можете да им верувате на астрономите ако тие објават дека на 24 август 5 851 год. во 6 h, 34 min и 32 s ќе се случи тотално затемнување на Сонцето, кое ќе трае 6 min и 5 s, а ќе се гледа најубаво од Венецуела! Но, предвидување на идни случувања за период од неколку илјади год. не е исто што и предвидувања за период од неколку стотина милиони год., или за 5 милијарди год., колку што останува до крајот на "животот" на нашето Сонце. Имено, денес се знае дека таа непроменливост на траекториите не важи за 4-те најмали планети: Меркур, Венера, Земја и Марс! Зошто? Бидејќи малите планети се подложни на гравитациски влијанија од гигантските планети, кои во долг временски период ги деформираат нивните орбити со можни последици од меѓусебни судири! Ова го утврди една француска екипа истражувачи од Институтот за небеска механика и астрономски пресметки на Опсерваторијата во Париз, под водство на Жак Ласкар (Jacques Laskar), со компјутерска симулација со супермоќен компјутер, наречен Жад (франц. Jade), сопственост на Националниот центар за високо инженерство на Монпеље.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.