Рубрика: Астрономија и астронаутика
Сончеви неутрина и нивниот македонски ловец, рудникот Алшар
Автор: Гоце Постоловски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Флукс од неутрино на пат кон Земјата

Македонија изобилува со многу светски раритети и убавини од сите видови и во сите облици. Меѓутоа, малкумина знаат дека токму овде, на планината Кожуф, во рудникот Алшар, се наоѓа можеби единственото големо наоѓалиште на рудата лорандит (talium arseno sulfid TlAsS2 ) на планетава Земја. Лорандитот, со дополнителна обработка, може да се искористи за детекција и "ловење" на сончевите неутрина.

Неутрината се субатомски честички со многу мала маса и без електричен полнеж. Се јавуваат во три вида: електронско (кое е наречено и Соларно), мионско и тау неутрино. Иако во мирување тие немаат маса, сепак, во движење може да се измери одредена енергија која тие ја поседуваат и со која поминуваат низ обичната материја како таа да е провидна. Се создаваат во нуклеарни реакции, како тие што се одвиваат во внатрешноста на секоја ѕвезда. Поради тоа, нивното проучување е од голема важност за развојот на астрофизиката и космологијата.

Како опсерваторијата Содбери ги детектира неутрината

Засега единствените забележани неутрина дошле од Сонцето или од супернова (космичка експлозија која се случува кога една ѕвезда колабира самата во себа). Конкретно Сончевите неутрина, наречени електрон-неутрина, се создадени со различни реакции на фузија и други радиоактивни процеси. Бидејќи овие неутрина се расејуваат подеднакво во сите правци од Сонцето, само мал дел од тој неутрино флукс пристига на Земјата. Неутрината се многу тешки за детекција, но се случува да влезат во колизија со обичната материја. Трагите што ги оставаат во тој момент се доказ дека неутриното било во реакција со соодветниот елемент.

Повеќе елементи и минерали се користат со цел да се направат “неутрино телескопи” кои ќе можат да го детектираат и избројат неутринскиот флукс. За нас најинтересен е минералот лорандит – TlAsS2. Единственото природно наоѓалиште на овој минерал во светот се наоѓа во рудникот Алшар, на планината Кожуф, Република Македонија.

Клучни зборови:
Флукс од неутрино на пат кон Земјата

Флукс од неутрино на пат кон Земјата

Како опсерваторијата Содбери ги детектира неутрината

Како опсерваторијата Содбери ги детектира неутрината

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.