Историја и археологија
Упростен приказ на еволуцијата на човекот

Во десетина музеи во светот се чува драгоцена колекција од фосилни остатоци од нашите изумрени предци. Тие сведочат како настанал човековиот род и ни обелоденуваат како човекот постепено се моделирал од примитивно мајмунолико битие, во денешниот Хомо сапиенс.


Електроника

Ротирачкото светло е уред наменет за визуелна сигнализација. Најчесто се користи за означување на објекти кои, од која било причина, треба впечатливо да се издвојат од околината. Светлото што трепка кое го нудиме во овој проект ја има иста намена, но може да го искористите и како алармирачко светло кај некој алармен систем или, пак, како светлосен ефект за вашите забави.


Астрономија и астронаутика
Флукс од неутрино на пат кон Земјата

Македонија изобилува со многу светски раритети и убавини од сите видови и во сите облици. Меѓутоа, малкумина знаат дека токму овде, на планината Кожуф, во рудникот Алшар, се наоѓа можеби единственото големо наоѓалиште на рудата лорандит (talium arseno sulfid TlAsS2 ) на планетава Земја. Лорандитот, со дополнителна обработка, може да се искористи за детекција и "ловење" на сончевите неутрина.


Електроника

Step-up конвертор на напон претставува електронски уред за претворање на еднонасочен напон од помала во повисока вредност. Замислен е како генератор на DC напон, со големина на излезниот напон од 16 до 40 V, со влезен напон од 12 до 14,2 V и излезна струја од 0,5 до 5 A. Моќноста која може да ја обезбеди претворувачот изнесува 80-150W, а со мала промена во компонентите и значително поголема.


Астрономија и астронаутика

Во ЕМИТЕР 11/2003 дадовме преглед на скоро сите видови конструкции на телескопи, заедно со нивниот историјат, а исто така и преглед на првите астрономски откритија направени со нив. Во овој напис ќе ги објасниме главните карактеристики на телескопите, а во следните ќе ги опишеме скоро сите постоечки видови окулари, монтажите за телескопи, а на крај за заинтересираните следат совети за купување и самоградба на телескоп.


Информатика

Ако немате искуство со компјутерски мрежи, а сакате да ги поврзете компјутерите во мрежа, ова е можност да научите нешто за тоа како мрежите работат, правила за управување, потребна опрема за поставување на мрежа, можности за проширување и развој. Поставувањето на мрежата е лесно. Во текстот што следи ќе ве запознаеме со елементите на мрежата и видови на мрежи.


Информатика

До пред некое време колорните ласерски печатачи беа привилегија на добро опремените репростудија, претпријатија и сличните на нив иституции, како и на некои поединци, служејќи им како статусен симбол. Но, од неодамна работите на тоа поле драстично се променија, па овие егзотични уреди станаа достапни на широк круг корисници, како на професионалци кои во својата работа користат колорни печатачи, така и на поединци на кои колорните печатачи не им се неопходни во нивната работа.


Медицина

Нобеловата награда за физиологија и медицина за 2003 година е доделена на Пол Латербур (Paul C. Lauterbur) и Питер Мансфелд (Sir Peter Mansfield) за нивниот придонес во развојот на магнетната резонанца (magnetic resonance imaging-MRI), дијагностичка постапка која засега дава најјасна слика на човечкото тело. Но, развојот на медицинската технологија во дијагностиката и терапијата на болестите не запира тука, туку се повеќе се засилува.


Аеронаутика

Периодот од 1919 до 1945 година претставува пресвртница која го трасира развојниот пат на современото воздухопловство, искажан преку многуте иновации во аеродинамиката, погонот и конструкторските решенија, кои им овозможуваат напредок и на цивилната и на воената авијација.


Астрономија и астронаутика

Уран е првата планета од Сончевиот систем откриена во поново време. Препознатлива е по својата сина боја, по невообичаениот наклон на својата оска во однос на еклиптиката и по многубројните сателити, за кои знаеме многу малку и кои се мета на идните астрономски истражувања. Единствената вселенска сонда која го има посетено Уран е "Voyager 2" во јануари 1986 година.


Информатика

Оперативниот систем е главниот интерфејс помеѓу човековите побарувања внесени преку периферните влезни уреди и компјутерот како несвесна електронска машина која ги очекува нашите наредби, нормално преку неговиот посредник. Во овој напис ќе дадеме преглед на основните команди кај еден Линукс оперативен систем.


Информатика

Во минатиот број се запознавме со начинот на кој можете да ја проверувате содржината на вашето електронско сандаче со апликации, изработени за таа намена. Но, за да можете да ги вршите тие операции, потребно е претходно да направите неколку нагодувања на апликацијата, во овој случај Outlook Express.


Информатика

Секој систем кој е конектиран на Интернет мрежата има единствена IP адреса (Internet Protocol Address). IP адреса е адресата до која податоците треба да бидат испратени за да се осигура дека се достигнува системот кој е конектиран на Интернет мрежата. IP адресата се однесува како единствен системски идентификатор во мрежата.


Телекомуникации

Не помина долг временски период, а Сименс (Siemens) на пазарот се појави со нов модел на мобилен телефон. Новиот модел е претставник на серијата C и носи ознака C62.


Електроника

Автомобилските аудиоуреди не се носат со рака како класичните преносни уреди, но што се однесува до условите на работа, и двата вида уреди потпаѓаат речиси во истата категорија на уреди чија основна карактеристика е работа под неповолни и нестабилни услови. Во поглед на условите за работа и можностите за сервисирање, сите аудиоуреди може да се поделат на стационарни уреди или уреди за домашна употреба и на преносни уреди, во кои ќе ги сметаме и автомобилските.


Електроника

Најголемиот дел од населението секоја вечер се обидува да дознае какво ќе биде времето наредниот ден, или пак во текот на неколку наредни денови. Според сознанијата за нив, човекот може да ја насочува својата економија, производство, планирање итн. Уредот за кој ќе стане збор во овој напис ќе ви помогне да дознаете дали во вашата околина невремето ќе биде проследено со молњи.


Електроника

Овој уред претставува апрат за транскутана електрична нервна стимулација (ТЕНС) која претставува метода на лекување на различни видови на болка. Според параметрите спаѓа во "ТЕНС во салви" (Бурст моде ТЕНС). Стимулацијата во салви се состои од серија или низа на импулси, кои се повторуваат еднаш до пет пати во секунда.


Електроника

Сигурно во практиката повеќето од вас се сретнале или ќе се сретнат со случај каде треба да се палат или гасат една или повеќе светилки со повеќе прекинувачи, при што палењето да биде со кој било прекинувач, а гасењето да биде исто така со кој било прекинувач. Ваков случај јас го имав неодамна и во следниот текст ќе ви го опишам моето решение. Сигурно ќе помислите дека овој систем може да се реши со дигитални интегрирани склопови или со микроконтролери.


Автомобилска техника

Историјата на Нисан (Nissan) во врска со латинската буква Z започнува пред триесетина години кога во 1969 година Јапонците го претставија моделот Датсун (Datsun) 240Z. Исклучително успешниот модел прерасна во предвесник на Нисановата историја запишана под буквата Z. Најново поглавје е моделот 350Z и тој на пазарите каде што се промовираше минатата година (САД и Јапонија) одлично го повтори успехот на 240Z.


Автомобилска техника

Без сомнение, хидрауличниот подигнувач е благодет на техниката. Неговата улога е да го елиминира зазорот на вентилот, а со тоа отпаѓа потребата од периодично нагодување на зазорот на вентилите. "Сам се грижи" за правилното затнување на вентилот и правилното отворање и затворање на истиот. Последнава деценија и пол настаната е вистинска експанзија во неговата примена. И со право. Во текстот што следува ќе биде прикажан и објаснет принципот на работа на хидрауличниот подигнувач.


Автомобилска техника

Петтото продолжение од приказната за Смарт (Smart) го носи насловот форфор (за четворица) и тој сега е нивниот најголем автомобил кој собира четири, а со доплата за соодветна задна клупа и пет патници.


Архитектура и градежништво

Навистина е несфатливо зошто во Македонија не постојат сончеви часовници - за нивно проектирање е потребно само малку математика (има само една формула!) и малку повеќе имагинација. Живееме во држава чиј симбол е Сонцето, а никој досега не се сетил да направи сончев часовник!? Зарем има малку празни ѕидови (и плоштади)? Радува веста дека се подготвува поставување на сончев часовник на ѕидот на Природонаучниот музеј во Скопје (до Зоолошката градина).


Телекомуникации

ADSL (Asymmetrical Digital Subscriber Line - Асиметрична дигитална претплатничка линија) е најпознатиот претставник на xDSL технологијата. Таа подразбира користење на постојните стандардни телефонски линии за пренос на податоци во дигитална форма помеѓу локалната станица (телефонска централа) и претплатникот.


Макетарство и моделарство

Минатата година ЕМИТЕР ви даде предлог како самите да си направите автентичен 3Д календар. Оваа година како новогодишен подарок ЕМИТЕР ви дава готов шаблон за истиот календар и се што треба да направите е правилно да го склопите, а за тоа ќе ви бидат потребни не повеќе од неколку минути.


Аудио и видеотехника

Општо познато е дека со дигиталните видеокамери можат да се прават и статични дигитални фотографии. Но, по правило квалитетот на овие фотографии е низок и кај повеќето видеокамери е со максимална резолуција од 640х480 пиксели. Одлично решение за овој проблем е двонаменскиот уред Самсунг Duocam VP-D5000i. Овде во едно тело се интегрирани многу добра дигитална видеокамера со формат на запишување miniDV, како и дигитален фотоапарат со високо квалитетна резолуција од 4,13 мегапиксели.


Омнибус

Глодалка Black & Decker KW850E; Нова потезна пила DeWalt DW712; Летот на Хелиос; Бил Гејтс ја освои Македонија; Водич за астрономите-аматери; Нема повратна спрега за Shure; "Svuk-3S" сигнален уред за стабилност на возилото; Мицубиши CE-PO; Нисконапонски аналогни прекинувачи; Слушалките ултрасон HFI-2000LE и HFI-650LE; 100 години од првиот лет одбележан и во Македонија; Детектори за откривање мали количини на ДНК; Алфа Ромео ГТ; Аналема на Марс; Доказ за постоење на стари реки на Марс; Нов


Писма
Како до поостра слика од изработениот телескоп?
Астрофотографија
Трафо за стробоскоп