Емитер 1/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ротирачкото светло е уред наменет за визуелна сигнализација. Најчесто се користи за означување на објекти кои, од која било причина, треба впечатливо да се издвојат од околината. Светлото што трепка кое го нудиме во овој проект ја има иста намена, но може да го искористите и како алармирачко светло кај некој алармен систем или, пак, како светлосен ефект за вашите забави.
Вообичаена замена за ротирачкото светло е комбинација на обична светилка и временски релеј поврзан да работи како астабилен мултивибратор. Едноставно решение кое, поради честото прегорувње на светилката, само навидум го решава проблемот. Особено ако трепкачот е поставен на недостапно место (на пример, на врв на некој столб).
Зачестеното прегорување на светилката е последица на големиот број вклучувања и исклучувања при што вклучувањата се случуваат во произволни точки на мрежниот напон. Бидејќи влакното на исклучена (оладена) светилка има десетина пати помал отпор од влакното на вклучена (загреана) светилка, нејзиното влакно во моментот на вклучување трпи струјни удари кои бргу го оштетуваат. Единствен начин да се избегне оваа несакана појава е вклучување на светилката во околина на нултата точка на мрежниот напон. Тоа подразбира изработка на склоп за импулсно палење на тријак, кој понатаму би ја вклучувал светилката. Ако во истиот склоп се вметне и астабилен мултивибратор, скапиот временски релеј станува непотребен, а се добива комплетен уред за светло што трепка.
Изработениот трепкач подготвен да биде вграден како дел од индустриска постројка
Овој трепкач може да го искористите и како алармирачко светло кај некој алармен систем или, пак, како светлосен ефект за вашите забави. Во вториот случај пожелно е да имате можност за едноставна и честа промена на ритамот и брзината на трепкање.
При техничката обработка на цртежот на електричната шема (слика 1) транзисторот T2 е погрешно означен како PNP тип - тој треба да е NPN и тоа со емитерот свртен кон отпорникот R8. Ваква грешка во ППК нема.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.