Емитер 1/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Step-up конвертор на напон претставува електронски уред за претворање на еднонасочен напон од помала во повисока вредност. Замислен е како генератор на DC напон, со големина на излезниот напон од 16 до 40 V, со влезен напон од 12 до 14,2 V и излезна струја од 0,5 до 5 A. Моќноста која може да ја обезбеди претворувачот изнесува 80-150W, а со мала промена во компонентите и значително поголема. Уредот има комплетна заштита од краток спој, превисока температура и пренапонска заштита. Излезниот напон е стабилизиран со можност за промена на неговата вредност. Дисипацијата е минимална заради импулсниот начин на работа на конверторот. Наоѓа примена за напојување на уреди кои треба да работат во автомобил, а имаат потреба од повисок напон од напонот на акумулаторот: моќни НФ засилувачи, полначи на батерии, преносни компјутери.
Концепцијата на конверторот е едноставна, со мал број на евтини компоненти, мала вкупна големина и мала дисипација на топлина, така што е погоден за вградување во куќиште со мали димензии. Со само пет отпорници, три кондензатори, една диода, намотка, транзистор и секако “срцето” на претворувачот интегрираното коло KA 34063A, добиваме минијатурен и стабилен уред кој обезбедува стабилизиран излезен напон при големи струјни варијации и големи струи на консумација од потрошувачот.
Конверторот проработува “од прва”. Посебни нагодувања не се потребни. Се приклучува во автомобилот на приклучокот од запалката за цигари, преку вграден брз топлив осигурувач од 10 A. Конверторот се оптоварува со предвидениот потрошувач и уште еднаш се мери напонот на излезните приклучоци. Падот на напонот на излезните приклучоци на конверторот, кога тој е оптоварен, не смее да биде поголем од 100mV.
При работата внимателно! Конверторот најнапред добро да се испита со пасивна отпорност како потрошувач, а потоа, откако ќе се уверите дека тој работи исправно, да се поврзе на саканиот електронски уред кој треба да се напојува од него: лап-топ компјутер, моќен автомобилски засилувач, радиостаница и др.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.