Емитер 1/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во десетина музеи во светот се чува драгоцена колекција од фосилни остатоци од нашите изумрени предци. Тие сведочат како настанал човековиот род и ни обелоденуваат како човекот постепено се моделирал од примитивно мајмунолико битие, во денешниот Хомо сапиенс.
Во 1859 година британскиот биолог Чарлс Дарвин (Charles Darwin) го објави своето дело “Потеклото на видовите”, а во 1871 година го објавил своето дело “Потеклото на човекот”, кои одекнале како бомба во тогашната политичка и религиозно ортодоксна во Велика Британија. Во “Потеклото на човекот” Дарвин ја истакнал хипотезата според која човекот и мајмуните потекнуваат од заеднички предок, од кој денешниот хомосапиенс (Homo sapiens) се развил со еволуција. Како доказ за својата хипотеза, Дарвин се потпрел на идентичноста на анатомската градба на приматите (мајмуните и човекот): очите насочени кон напред (стереоскопски вид), одвоени очни дупки од слепоочните, по 5 прсти со сплескани нокти на двата пара краци, странично поставен палец (погоден за фаќање предмети), ги имаат сите 4 вида заби, черепот им е волуменски поголем со добро развиен мозок, женките имаат само еден пар млечни жлезди на градите, ист облик на матката и плацентата, долга временска зависност на новороденчето од мајката итн.
Синџирот конечно затворен? Со откривање на фосилот од најстариот хоминид - австралопитек рамидус, стар околу 4,4 милиони години, научниците сметаат, дека “ја пронашле алката којашто недостасуваше” во синџирот на еволуцијата на човекот. Тие излегле со график кој го покажува патот на човековата еволуција со сите свои фази. На графикот е наведена и локацијата каде што е пронајден фосилот.
Оваа смела констатација на Дарвин, поставена само врз основа на идентичноста на анатомската градба на човекот и мајмунот, во почетокот била примена со сомнеж, но сепак таа ги поттикнала научниците палеонтолози да ја проверат нејзината точност преку палеонтолошки наоди од нашите изумрени предци, чиишто остатоци лежат во пластовите на земјата под нашите нозе. Ако теоријата за еволуцијата на човекот е точна, тогаш фосилните остатоци од нашите предци би морале да покажуваат сѐ поголема примитивност и блискост кон мајмунот доколку се постари, односно доколку потекнуваат од подлабоките пластови на Земјата.
Да напоменеме дека во поедини фази од еволуцијата постоеле и извесни разгранувања од патот на “основната” линија во паралелни правци, меѓутоа сите тие завршиле во ќор-сокак, т. е. исчезнале. Типичен пример за ова е линијата на т. н. Australopitecus robustus, но во овој напис нас нѐ интересира само “основната” линија, која ја претставува еволуцијата на човекот.
Освен тоа, според една палеонтолошка школа, линијата на хоминидите влече корен дури од пред 8 – 17 милиони од родот сивапитек (Savapithecus) или неговиот близок роднина рамапитек, но поради нивната голема сличност со орангутанот (значи не со најблискиот човеков “роднина” – шимпанзото), повеќето специјалисти – антрополози нив ги врзуваат за видот мајмуни, а не за хоминидите.
Синџирот конечно затворен? Со откривање на фосилот од најстариот хоминид - австралопитек рамидус, стар околу 4,4 милиони години, научниците сметаат, дека “ја пронашле алката којашто недостасуваше” во синџирот на еволуцијата на човекот. Тие излегле со график кој го покажува патот на човековата еволуција со сите свои фази. На графикот е наведена и локацијата каде што е пронајден фосилот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.