На работ од Сончевиот Систем, зад Плутон, се чини дека врие од низа малечки светови. Новата џуџеста планета потврдено има најоддалечена орбитална патека забележана досега. Нејзината оддалеченост од Сонцето е 2300 пати поголема од оддалеченоста на Земјата од него. На планетата со тривијална ознака 2015 TG387, но со многу поинтересен прекар “Гоблин”, и се потребни цели 40000 години за една револуција околу Сонцето.
Откритието на џуџестата планета со пречник од едвам 300 километри се должи на чиста среќа. Имено, за време на 99% од нејзиното патување околу Сонцето планетата би била премногу бледа за да биде забележана. Но, со помош на 8 метарскиот телескоп Субару на Хаваите, астрономите успеале за првпат да ја забележат некаде кон крајот на октомври 2015 година, кога планетата била најблиску до Сонцето. Гоблин сега и се придружи на малата група ектремни објекти од Сончевиот систем чиишто орбити, кои се надвор од гравитацискиот досег на Уран и Нептун, укажуваат на можно гравитациско дејство од долго хипотетизираната, но сè уште незабележана, Деветта планета, за која се смета дека се крие некаде на маргините од Сончевиот систем.
Истражувањето е достапно на предпринт серверот за научни трудови arXiv.