Рубрика: Електроника
LMV1089 - интегриран потиснувач на бучава
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


LMV1089 е двоен микрофонски засилувач со систем за потиснување на бучава и автоматски систем за калибрација од фамилијата PowerWise на National Semiconductors.

LMV1089 е потопно аналоген двоен микрофонски засилувач со диференцијален влез и излез наменет за да ја намали бучавата во заднината, давајќи извонредна чистина во говорното подрачје. Тој првенствено е наменет за апликации во уреди за звучна комуникација.
LMV1089 ги засилува блиските звуци до оддалеченост од 4 cm од микрофоните, а ја потиснува акустична бучава која доаѓа од далечина поголема од 50 cm. Во добро калибриран систем, возможно е потиснување на далечната бучава до 20 dB.
Апликациите со интегрираното коло LMV1089 првенствено наоѓаат примена во комбинации слушалки-микрофон, во специјални микрофони за филмската индустрија (микрофон – фаќалка), во преносливи комбинации микрофон - слушалка за индустриски радиоврски, во разгласни микрофони и микрофони за општа намена, односно воопштено кажано, во апликации за професионална намена; но и во уреди за широка потрошувачка као блутут (Bluetooth) или како микрофонски стереопредзасилувач со изедначени карактеристики во видеокамери и фотоапарати.

Технички карактеристики:

Основи електрични спецификации на LMV1089:
Потиснување на бучава од околината (елекрично) на f = 1kHz: 37dB
Напојување: 2,7V ... 5,5V
Потрошувачка: 1,1mA (typ)
Потрошувачка во Standby: 0,7µA (typ)
Однос сигнал–шум (А-пондерирано): 65dB (typ)
Вкупно хармонско изобличување + шум: 0,1% (typ)
Потиснување на шум од напојувањето - PSRR (17Hz): 96dB (typ)

 

Развојна плочка за LMV1089

Принцип на работа на LMV1089

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.