Емитер 4/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Автоматската контрола на осветлувањето, загревањето, разладувањето и на останатите инсталации (функции) во домот, од еден централен контролер, не е веќе само луксуз, туку може да помогне и во заштедата на енергијата. Постојат повеќе вакви системи, од кои позначајните ќе ги разгледаме во овој и во наредниот број на ЕМИТЕР.
Автоматизацијата на домот нуди многу бенифиции на сопствениците на тој дом. Контролата на осветлувањето, затворање на прозорци/врати, загревање, вентилација, разладување и многу други подобности можат да бидат оркестрирани од една централна единица. Таа може, врз основа на информациите што ги добива од надворешните сензори и/или врз основа на програмираниот софтвер, да презема одредени акции во одредено време. Моторизирани ролетни на прозорците кои автоматски се спуштаат ако е сонцето силно со цел да не се загрее многу просторијата, или осветлување кое се вклучува само кога во просторијата има некого, во многу ја прават поконфорна живеачката во домот. Но истовремено ова овозможува да се намали загадувањето на околината, со интелигентно набљудување и редуцирање на потрошувачката на енергија. Ако на тоа се додаде и зголемениот степен на обезбедување, тогаш користа од воведување на еден ваков систем во домот може да биде многу голема.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.