Рубрика: Електроника
Автоматизација на процес на приготвување ајвар (1)
Автор: Бојан Петрески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2017.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Проектиран е систем за автоматизација и контрола на процесот на приготвување ајвар. Системот се состои од софтверски и од хардверски дел. Сигналите добиени преку поставените сензори се носат до развојната плочка Ардуино Уно, каде што се обработуваат. За плочката е изработена програма во програмскиот пакет LabVIEW што извршува одлуки за тоа кои акции ќе бидат преземени. Софтверот, меѓу другото, врши автоматска регулација на брзината на вртење на моторот што ги движи мешалките, согласно тековната температура, ги прикажува тековните параметри на системот и дава предупредувања во случај на нивно пречекорување (преголема температура и сл.).

Оваа машина за мешање ајвар има можност сама да ја контролира брзината на вртење според температурата, да дава звучни сигнали во случај температурата да се искачи над одредена критична вредност и сето ова да го пренесе до компјутер на кој се следи целиот овој процес. Машината има хардверски и софтверски дел. Хардверскиот дел се состои од: мешалка, DC-мотор, температурно и индуктивно сетило, сензор, електронска плочка за пренос на сигнали, развојна плочка Arduino Uno и напојување.

Исправки и дополнувања:
Испуштена табела во “Автоматизација на процес на приготвување ајвар (1)” во Емитер 4-6/2017

Во наведениот напис, заради техничка грешка е испуштена спомнатата табела 2 која ја објавуваме подолу.


Главни елементи и материјали:

Развојна плочка: ArduinoUno Транзистори: 2N2222, IRF640; ИК: LM358P; Термосензор: KTY80-121

 
Мешалката за ајвар во акција
Клучни зборови:

Механичкиот дел од мешалката за ајвар

Механичкиот дел од мешалката за ајвар

Автоматската мешалка за ајвар


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.