Arduino Zero е едноставна и моќна 32-битна екстензија на платформата основана од Arduino UNO. Целта на плочката Zero е да се наметне кај креативните индивидуалци кои имаат потенцијал за реализација на вистински иновативни идеи за smart IoT уреди, технологија погодна за носење, high-tech автоматизација, луди роботи и проекти кои сè уште не се ни замислени. Плочката е поддржана од Atmel-овиот SAMD21 MCU, кој има 32-битно ARM Cortex® M0+ јадро.
Плочката Zero ја проширува Arduino фамилијата нудејќи поголеми перформанси за да се задоволи креативноста на заедницата. Флексибилниот сет на функционалности овозможува бескрајни можности за изработка на проекти и се однесува како одлична едукативна алатка за изучување на развој за 32-битни апликации. Една од најбитните карактеристики е Atmel’s Embedded Debugger (EDBG), кој овозможува комплетен интерфејс за дебагирање без потреба од дополнителен хардвер, значително зголемувајќи ја леснотијата при софтверското дебагирање. EDBG исто така поддржува виртуелен COM порт кој може да се користи за програмирање на чипот и традиционалната Arduino boot loader фукционалност.
Официјален дистрибутер за Arduino во Македонија е Логинг Електроникс – Скопје, (02) 3127 245, e-mail: info@loging.mk