Рубрика: Електроника
Автоматизација на процес на приготвување на ајвар (2)
Автор: Бојан Петрески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10-12/2018.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Проектиран е систем за автоматизација и контрола на процесот на приготвување ајвар. Системот се состои од софтверски и од хардверски дел. Сигналите добиени преку поставените сензори се носат до развојната плочка Arduino Uno, каде што се обработуваат. За плочката е изработена програма во програмскиот пакет LabVIEW што извршува одлуки за тоа кои акции ќе бидат преземени. Софтверот, меѓу другото, врши автоматска регулација на брзината на вртење на моторот што ги движи мешалките, согласно тековната температура, ги прикажува тековните параметри на системот и дава предупредувања во случај на нивно пречекорување (преголема температура и сл.).

Најголемиот дел од постоечките сис­теми наменети за мешање ајвар во себе содржат едноставен систем на контрола на моторот што се заснова на вклучу­вање/исклучување на системот од на­појување со прекинувач или директно од приклучницата, како и користење потен­циометар за контрола на неговата бр­зина на вртење. Ваквиот начин на работа на системите бара постојано присуство на човек што ќе го врши управувањето, а воедно не даваат никаква инфор­ма­ција за состојбите во коишто се наоѓа системот.

За разлика од нив, АППА-системот нуди автоматска кон­трола на брзината на моторот, како и негово самостојно вклучување/исклучување во согласност со потребите при дадената темпе­ратура. Во себе има интегрирано SCADA-систем што врши континуирано мерење на те­ков­ните состојби и има можност за авто­матско контролирање на брзината и вклученоста на моторот. Исто така вклу­чува опција за рачна контрола на моторот преку физичките копчиња на кутијата или преку виртуелните на кон­тролната табла.

Иако системот целосно не ја исклу­чува потребата од човечки надзор, зна­чително ја намалува неговата инвол­вираност.

Вака изработениот SCADA-систем заедно со развојната плочка Arduino UNO нудат стабилна основа за лесна над­градба на системот со други опции, како воведување потсистем за контрола на горивото и сл., но и лесна пренамена на системот за други функции.

Во првиот дел од овој напис беа пре­зентирани повеќе хардверски елементи од проектот, заедно со начинот на пре­сметка на елементите. Следува описот на останатите електронски кола, реше­нието на плочката со печатено коло и, секако, изработениот софтвер за работа и контрола на системот.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1802

Главни елементи и материјали:

Развојна плочка: ArduinoUno

Транзистори: 2N2222, IRF640;

ИК: LM358P;

Термосензор: KTY80-121

 
Датотеки за преземање:
Мешалката за ајвар во акција
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.