Емитер 4/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Одржувањето радиоврски на оддалеченост од неколку илјади километри е остварливо со радиоопрема која тежи помалку од два килограма и која зафаЌа само дел од просторот во мал ранец за еднодневно планинарење. Природните закони за простирање на електромагнетните бранови овозможуваат радиокомуникација на кусобрановото фреквентно подрачје на големи дистанци со употреба на мала излезна моЌност и едноставни ниско поставени антени. Преносот на Морзеови сигнали е еден од поефикасните видови емисии кој се препорачува при вакви скромни технички услови. За само половина час од речиси која било локација во природа може да се монтира ефективна кусобранова радиостаница со голем досег.
Одржувањето радиоаматерски врски од невообичаени локации со употреба на мала излезна моќност и едноставни антени секогаш претставува предизвик за радоаматерските оператори.
Радиоаматеризмот е хоби кое може да се комбинира со други хобија, вклучително и со планинарењето. Минатата година Македонија се вклучи во меѓународната радиоаматерска програма на активности "Summits on the air" (Планински врвови во етерот). Во продолжение ќе биде изнесено досегашното искуство за работа од планински врвови со преносна кусобранова (КБ) радиостаница со мала моќност (меѓу радиоаматерите попознати како "QRP-станици").
Активирањето од издвоена локација во природа бара претходни подготовки, а тоа станува уште покомплексно кога е во прашање поставување и употреба на преносна кусобранова радиостаница од планински врв.
При изборот на радиоуредот, антената, напојувањето и останатата опрема, предвид се земени неколку критериуми: ефективност, помали димензии и тежина кои овозможуваат до планинскиот врв самостојно да ги носи едно лице, едноставно и брзо монтирање и демонтирање во теренски услови независно од условите и конфигурацијата на теренот, како и достапност до опремата и употребените материјали.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.