Емитер 4/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сте замислиле ли на некое предавање професорот да ве праша нешто и сите вие да можете во еден момент да дадете одговор, а веќе во следниот момент статистиката од вашите одговори да биде испишана на некој дисплеј. Е не треба веќе да си замислувате, бидејќи Nordic Semicoductor веќе изработува ваков тип на безжични уреди.
Nordic Semicoductor најавија дека Turning Technologies LLC го стандардизирале на нивните 2,4 GHz трансивери TurningPoint софтверот, како и RF ResponseCard безжична тастатура со големина на кредитна картичка. Трансиверите се користат во новите XR ResponseCard (со nRF24L01 Nordic Semiconductor чип), како и во постојните RF ResponseCard (со Nordic nRF24E1 чипот) што до сега се имаат издадено во преку 1 милион примероци.
TurningPoint системот за одговарање на публиката се интегрира без проблеми со Офис програмите на Мајкрософт, со цел да £ овозможат на публиката и студентите да учествуваат во презентациите и предавањата со безжично испраќање на избраниот одговор на интерактивните прашања, со помош на ResponseCard тастатурата.
Овие одговори потоа можат автоматски да бидат собрани и статистички обработени и прикажани во реално време, за да можат да ги користат презентерите или професорите. Повратните одговори во реално време значат поголема вклученост на публиката во предавањата или презентациите, кои стануваат интерактивни и мерливи. TurningPoint системот се покажа многу популарен во американскиот образовен пазар, така што многу издавачи на книги започнаа да ги дистрибуираат и да ги продаваат своите книги заедно со ResponseCard-ите, особено во студентските кампуси.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.