Рубрика: Информатика
Матична плоча MSI 890GXM G65
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во пресрет на скорешната промоција на најновиот шестјадрен процесор на AMD, MSI ја претстави првата матична плоча наменета за него.

Моделот 890GXM G65 е заснован на AMD 890GX чипсетот. Новитет? Не – во основа, се работи за добро познатиот и проверен AMD 785 NorthBridge, а врз кој се извршени благи оптимизации за да се обезбеди поддршка за новиот процесор. Во најновите матични плочи ќе биде искомбиниран со сосема новиот AMD SB850 SouthBridge чипсет. Клучните моменти кај SB850 се зголемена компатибилност со процесорите, повисоки перформанси на интегрираната графика, зголемен проток на податоци и, што е најинтересен момент, интеграција на најновите технологии во моментов – SATA 6G контролер и поддршка за USB 3.0 спецификациите, кои ќе бидат контролирани од посебен чип контролер.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.