Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Bing продолжува со успехот;
Нов биокомпозит;
Lenovo со нова серија монитори;
Приказна за два дигитални часовници;
Нови фотографии од LPO;
Иднината е во интероперабилноста;
Човечкиот мозок прима 34 гигабајти информации дневно;
Intel Gulftown - првиот шестјадрен десктоп процесор;
Убави вести за оние кои имаат проблеми со видот;
Најекстремен бинарен ѕвезден систем;
LED тетоважа;
Три решенија за читање во темница;
CD-плеер/рикордер на Vestax Works;
Vestax QFO грамофон/миксер;
Откривање болести со гледање во окото;
ASWO во Македонија;
Холивудска камера достапна за многумина;
Телефон-преведувач на Google;
Неверојатно мали антени;
Водени лудории - на Месечината;
Книга за енергетската ефикасност на стаклото како градежен материјал;

ASWO во Македонија
Добра вест за сите сервисери и оние кои од хоби се занимаваат со поправка на домашните технички уреди. Од неодамна и кај нас ќе може да ги користат услугите на светски познатата компанија Aswo. Се работи за една од најстарите компании за резервни делови и потрошувачка електроника, основана 1968 год. Компанијата се занимава со испорака на резервни делови и потрошувачка електроника од сите производители до сите земји во Европа, без разлика дали се работи за 50 или 50 000 Евра нарачка. Деловите се од областа на црната и белата техника, така што од сега, сите апарати кои стоеле непоправени поради недостиг на кој било дел, без разлика се работи за пластична рачка, канистер за правосмукалка или, пак, сложен електронски модул за плазма телевизор, ќе може да ги оспособите за работа со нарачка на делот кој ви недостига преку оваа компанија. Роковите за испорака се максимум 45 дена, а постои можност и за годишна претплата за пристап до датабазите за сервисни шеми и упатства на скоро сите уреди кои се увезуваат кај нас.
За подетални информации, потенцијалните заинтересирани може да се обратат преку електронска пошта: aswo@aswo.com.mk или на телефоните кои се прикажани на интернет страницата www.aswo.com по "location" --> Macedonia (+389 2 3228060).
Н. Стојановска

Нови фотографии од LRO
Минатата година објавивме снимки од површината на Месечината направени од месечевиот орбитер LRO на НАСА на кои беше прикажано местото на слетување на Аполо 11 на Месечината. Овој месец за сè уште присутните "неверни Томи" еве уште неколку фотографии со уште поголема резолуција на кои се дадени местата на слетување на Мисиите Аполо на Месечината. LRO во септември минатата година беше поместен во 50km пониска орбита околу Месечината. На овој начин при неговото второ поминување над точките на слетување беше можно да се добијат фотографии со двапати поголема резолуција од претходно направените. На фотографиите се прикажани местата на слетување на мисиите Аполо 11 и Аполо 17.
На местото на слетување на Аполо 11 во Морето на Тишината може да се забележат ситни детали: се оцртува стојниот трап на лунарниот модул и делови од опремата која астронаутите ја оставиле за научни експерименти, како и гарежот направен и останат при полетувањето назад кон Земјата.
За време на мисијата Аполо 17 астронаутите за превоз го користеа лунарниот ровер и околу местото на слетување јасно се видливи трагите кои на месечината ги оставило возилото. Покрај ова видливи се сенки од опремата која била оставена на ова место.
Уште фотографии од Месечината направени од LRO може да најдете на http://www.nasa.gov/mission_pages/LRO/multimedia/index.html и http://www.flickr.com/photos/gsfc/sets/72157623625623612/show/
На некои од фотографиите може да ги најдете и советските лунарни ровери како и некои од сондите на другите руски месечеви мисии.
Н. Стојановска

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.