Емитер 2/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Најновиот концепт на HYNDAI INTRADO;
Инсулински таблети;
GALAXY S5 на повидок!;
Камери за снимање при екстремно ниски температури;
Сондата "GAIA" стаса на својата дестинација;
Моќна и евтина миксета на Videonics;
Погон за е-велосипеди од Бош;
Нова подобрена командна рачка за возачи-инвалиди;
Втора студентска конференција "Енергетска ефикасност и одржлив развој";
Дисплејот MCA 232 на мотометер;
AMD Aopteron 1100;
Амарант – древна житарка за здраво срце и јак имунитет;
Windows Phone 8.1;
Откриена досега најблиската супернова од типот 1a;
Луксузна подморница за подводни лудории;
Контрола на стабилноста на моторциклите
Нова подобрена командна рачка за возачи-инвалиди
Деновиве на пазарот се појави нова и од корен подобрена (во однос на постоечките) рачка (полуга), која како помагало овозможува сигурно управување со педалите кочница и гас на автомобилите опремени со автоматски преносник (менувач), а наменети за инвалидизирани возачи. Досегашните помагала имаа бројни недостатоци, почнувајќи од нивната недоволна прецизност, груба изработка, а и малку се водело сметка за нивната ергономија, како и за изборот на материјалите за нивна градба, особено оној дел кој е во допир со раката. Сето ова веќе е минато.
Словенечката фирма Pesjak d.o.o. со здружени сили, од кои едниот дел се драгоцените долгогодишни возачки искуства на инвалид-возач, а останатиот дел се вештините и умеењата на група инженери и иноватори, успеа да создаде речиси идеална управувачка рачка наменета за автомобил со автоматски менувач (што е, патем речено, и законска обврска) кој би го управувал инвалидизирано лице кај кое инвалидитетот се однесува на долните екстремитети. Тоа подразбира дека рацете на тоа лице се функционални. Механизмот има 162 составни делови, а во исто време не содржи никаква електроника, пневматика или електромеханички склопови. Значи, чиста механика која гарантира врвна надежност и безбедност при функционирањето на оваа направа. Само еден податок кој говори за врвната безбедност е фактот што механизмот има тројна заштита во режимот на кочење. Тоа значи дека доколку некој дел од механизмот задолжен за кочење откаже, кочењето веднаш го презема вториот паралелен механизам, и сè така до третиот паралелен механизам. Уредот функционира на принципот помести нанапред (кочење) и повлечи кон себе (забрзување). Управувањето е со рака. Се монтира на помошен носач прицврстен на шините од предните седишта, флексибилен е во однос на неговата поставеност (ориентација) во правците горе-долу и лево-десно, не му смета ниту на возачот-инвалид ниту на обичниот возач доколку има потреба од автомобилот во кој е вградена оваа помошна рачка. При нејзиното проектирање се внимавало и на најситниот детаљ така што, како што изјавуваат оние што го користеле, едноставно не може да му се најде никаква забелешка. На големо задоволство на оваа група возачи, рачката едноставно, совршено функционира без разлика на тоа колку години се користи, т.е. може да се каже дека е долговечна без притоа да пројави недозволени пропусти или да има отежнато функционирање во некој нејзин режим.
Повеќе информации може да се видат на следнава веб-локација: http://www.hand-control-car.eu/index_hr.html
Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.