Емитер 4/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Топлинската изолација на фасадите (КСиНТИ) е релативно скапа инвестиција и ваквите фасади треба да се во функција колку и животниот век на зградата или барем 30 - 40 години. Два се предуслови за исполнување на ова барање: испорака на составните компоненти со атест за квалитет според стандардите и изведба на изолацијата според пропишаната технологија. Во Македонија најчест случај е неисполнување ни на еден од овие услови. Резултат на тоа се многу фасади во фаза на распаѓање и очекувана слична судбина за зградите што актуелно се изведуваат или оние што се изведени во последните неколку години.
Досега детално анализираните карактеристики на одделни компоненти во составот на КСиНТИ, кои треба да ги задоволат пропишаните критериуми за квалитетот на фасадната изолација, се само еден од двата услови за долготрајноста на фасадата. Вториот, исто така важен фактор, е коректната изведба, односно почитување на технологијата за вградување, пропишана од страна на произведувачот на системот. За жал, кај нас се прават многу грешки при изведбата, коишто заедно со неквалитетните и меѓусебно некомпатибилните материјали, го зголемуваат процентот на неуспешни фасади кои имаат краток век на траење. Значи, КСиНТИ мора да биде не само добро проектиран туку и добро изведен систем.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.