Рубрика: Архитектура и градежништво
Иновативни материјали и системи (1): Вакуумирани изолациски панели (ВИП)
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-6/2021.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Зголемувањето на изолациските својства на материјалите за топлинска изолација е светски тренд. Најефикасна можност нуди употребата на вакуум. Но, генерален проблем претставува херметизирањето на вакуумот. За решавање на овој проблем постојат различни пристапи: вакуумирани изолациски панели (ВИП), вакуумирани стаклопакети и решенија на микрониво, како што се керамички сфери со затворен вакуум. Додека примената на ВИП е ограничена од фактот дека дури и малите повреди на метализираната обвивка што го обезбедува вакуумот го уништуваат изолацискиот ефект на целиот панел, пристапот на микрониво, со керамички сфери, е многу повеќе робустен на локалните повреди, со што се добиваат атрактивни изолациски својства во споредба со стандардните изолациски производи.

ВИП со метализирана обвивка

Во деведесеттите години од минатиот век беше развиен нов тип високоизолациски материјал, наречен вакуум изола­циски панели – ВИП (Vacuum Insulation Panels – VIP). Најзначајна карактеристика на овие панели е што тие имаат 5 до 10 пати поголем отпор на пренесување на топлината во споредба со конвенционалните изолациски материјали, како што се експан­диран (XPS) и екструдиран (EPS) полистирен – стиропор, камена и стаклена волна и др. Коефициентот на топлинска спроводливост ламбда (λ) на ВИП изнесува 0,004 до 0,008 W/(m · K), во зависност од ефектот на стареење на панелот. За споредба, коефициентот λ на стиропорот и волната се движи од 0,035 до 0,040 W/(m · K). Ова својство на ВИП отвора пат кон проектирање тенки, енергетски ефикасни обвивки на згради, што од своја страна значи проширување на внатрешниот простор во објектот, за даден надворешен волумен, без намалување на внатрешниот топлински комфор.

Со дебелина на ВИП од само 30 mm, за ѕид се добива вредност на коефициентот на пренесување на топлината U = 0,25 W/(m2 · K), а за дебелина 20 mm, вредноста е 0,35 W/(m2 · K). Конвенционалните материјали може да ги постигнат овие вредности дури со дебелини од 150 mm, соодветно 100 mm.

Клучни зборови:
ВИП со метализирана обвивка

ВИП со метализирана обвивка

Префабрикувани ВИП за фасадна изолација

Префабрикувани ВИП за фасадна изолација

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.