Рубрика: Медицина
Електротерапија со дијадинамски струи
Автор: Ериета Николиќ-Димитрова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дијадинамските струи се еднонасочни нискофреквентни импулсни струи со полусинусоидален облик. Тие се состојат од серија на различно модулирани импулси според фреквенција, интензитет и амплитуда. Тераписките дејства врз организмот се: аналгетско, симпатиколитично дејство, предизвикува вазодилатација, хиперемија, ја подобрува трофиката на ткивата и ја подобрува ресорпцијата на отокот и хематомот, го намалува тонусот на попречно пругастата мускулатура. Дијадинамските струи се применуваат кај: невралгии, неврит, цервикален и лумбален синдром, радикулопатии, миофасцијален синдром, мијалгии, периартрити, епикондилит, ентезит, артрози, артрит, посттрауматски состојби (дисторзии, контузии, ликсации, сублуксации), алгодистрофичен синдром и др.

Различни видови на електрични импулси претставуваат модалитети во електротерапијата кои се применуваат за лекување на бројни заболувања. Некои од нив се применуваат успешно веќе подолго време. Едни од нив се дијадинамските струи кои претставуваат еднонасочни нискофреквентни импулсни струи со полусинусоидален облик. Тие се состојат од серија на различно модулирани импулси според фреквенција, интензитет и аплитуда. Тие се со фреквенција од 50 и 100 Hz и траење на импулсот од 10 ms. Овие модулации се комбинираат со галванска струја (база) која е со низок интензитет од најмногу 2-3 mA, и со кратко траење, кое е обично во периодите на менување на половите на електродите.
Нив ги дизајнирал и применил францускиот стоматолог Пјер Бернар, поради тоа се нарекуваат и Бернарови струи. Последната модулација не е создадена од Бернар, но е дел од оваа серија на нискофреквентни струи.

Апарат за дијадинамски струи

Апликација на дијадинамски струи на рамо

Сегментална (паравертебрална) примена на дијадинамски струи (DD5)

Трансартикуларна примена на дијадинамски струи (DD7)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.