Емитер 4/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Мноштвото формати кои постојат кај дигиталните слики како да внесуваат повеќе забуна одошто квалитет, а нивното непознавање често води кон поразителни резултати. Некои од нив потекнуваат навистина од самите почетоци на дигиталното меморирање битмапи, како што е случај со TIFF и се одржале сè до денешен ден само благодарејќи на антагонизмот меѓу лиценцираниот и ‘слободниот’ (open source) софтвер.
TIFF (Tagged Image File Format – назначен формат на сликовна датотека) го добил името по тоа што бил "назначен" за единствен формат на скенираните слики при почетоците на т.н. "столно издаваштво" (desktop publishing) во средината на 80-те години од минатиот век. И, се разбира, кој друг би можел да биде носител на патентното право освен Алдус (Aldus), компанијата која го промовира Пејџ Мејкер (Page Maker), сè уште ценет како еден од водечките програми за столно издаваштво. Потоа, Алдус е купен од страна на Адоб системс (Adobe Systems) во 1994 година, така брендовите TIFF и Пејџ мејкер станаа сопственост на Адоб.
Од 6-тата верзија на истиот која се појави во 1992 година, веќе можеме да зборуваме за TIFF формат без да има опасност два пати да го употребиме зборот формат, бидејќи од тогаш TIFF веќе не се споменува како нечија кратенка. Денешната верзија на TIFF форматот многу малку се разликува од онаа од далечната 1992 и тоа благодарејќи на речиси монополната позиција која ја има Адоб системс на пазарот.
Во продолжение ќе бидат разгледани основните својства на TIFF форматот, методите за негова компресија, а потоа ќе следи споредба на TIFF форматот со останатите формати за слики (JPG, GIF, PNG, CPT и PSD)
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.