Рубрика: На граница на науката
Мистерии на науката: Тајните на свеста (2)
Автори: Стојмир Симјаноски, Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На оваа наша планета само мозокот на човекот е обдарен со свеста. Но, дали покрај свеста, која сите ние знаеме што е – но ни е многу тешко да ја дефинираме и објасниме, постои и нешто друго? Некои истражувачи тврдат дека покрај секојдневните, добро познати активности на мозокот, тој е способен и за примопредавање на мисли на далечина – телепатија. Дали телепатијата е докажана работа, и ако е, што е тоа во мозокот (или во телото) што го овозможува тоа? Едно можно објаснување може да се најде во религиите, кои оперираат со поимот душа, која кај некои религии не е ограничена само на човекот, туку и на сите живи организми.

Стојмир Симјаноски: "...Во пролетта 1998 г. светскиот печат опширно пишуваше за пренесувањето мисли на далечина, односно за необичната мисловна комуникација помеѓу двајца телепати. Иако вакви експерименти биле вршени и порано, сепак, овој се следел со посебно внимание. Во експеримент биле вклучени телепатите Јуриј Каменски и Карло Николаев со тим научници кои детално го опишале. Никоалев и Каменски биле на оддалеченост од 3000 километри, односно едниот бил во Москва, а другиот во Новосибирск и била исклучена секаква можност од подмама. На Каменски, кој бил затворен во изолирана просторија според принципот на "Фарадеевите кавези", ќе му покажале предмет а тој веднаш требало да му сугерира на Николаев што гледа. За чудо, Николаев не само што во истиот миг погодувал што му покажуваат на Каменски, туку и прецизно го опишувал предметот. Сè било под строга контрола и под стручен научнички надзор и она што најмногу ги збунувало научниците, било тоа што низ "Фарадеевите кафези" не можат да минат електромагнетните бранови, поради што веднаш се наметнувал заклучокот дека мислите не биле како електромагнетните бранови, туку некој друг вид браново поле, но кое и какво?..."

Владимир Филевски: "...Информациите во дневните весници за научните достигања (па и за сè друго!) сепак треба да се земат со голема доза на резерва, бидејќи тие информации се подготвени од страна на обични новинари, кои воопшто не се стручни за таа област (циниците би рекле дека новинарите не се стручни за ниту една област!), а освен тоа, принудени се веста ја подготват за само неколку минути (нема време за проверки), бидејќи за утредента за весникот треба да изнајдат некои нови, други вести... Еден таков типичен пример за енормно искривување на вистината е често цитираниот "телепатски" експеримент на Јуриј Каменски и Карло Николаев, кој во разноразни квазинаучни списанија е напумпан до гигантски пропорции... А вистината е сосема поинаква и секој може лесно да ја провери, ако се придржува до едно едноставно правило: најважно е да се најде првобитната, оригинална информација, бидејќи таа по правило е најмалку искривена (понатаму е по принципот на "расипан телефон"). Овој "телепатски" експеримент на Јуриј Каменски и Карло Николаев за прв пат е опишан во московскиот дневен весник "Комсомолска правда" на 9 јули 1966 година..."

ЗА ФЕЉТОНОТ
Сè уште постојат недоволно истражени подрачја од науката и теми за кои има различни ставови и толкувања кои ја скокоткаат фантазијата на сите љубители на науката. Во овој фељтон за мистерите на науката дебатираат најпознатиот македонски трагач по мистерии Стојмир Симјаноски и "дежурниот" скептик Владимир Филевски. Концептот на овој фељтон го има следниов облик: прв е текстот на Симјаноски, потоа одговорот од Филевски, а на крај евентуалната реплика од Симјаноски, на која Филевски нема право на контрареплика. Веруваме дека ваквиот концепт ќе предизвика голем интерес кај читателите, па затоа страниците на рубриката "Писма" се отворени за вашите коментари.

Постои ли аурата на човечкото тело или таа е само резултат на електричните активности на телото

Мозочната енергија постои и може да се сними

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.