Рубрика: Електроника
Објектор
Автор: Игор Мазгански
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Примената на колото секојдневно ја среќаваме на влезот на некои продавници. Тоа е она ѕвонче кое го известува сопственикот за доаѓањето на муштеријата. Ова коло е виновно за откривање на вашето присуство пред автоматските врати. Објекторот може да се постави и како сензор во вашата куќа. Посебно доколку во станот имате место кое сакате да го заштитите од љубопитноста на вашето дете, слободно опуштете се.

Објекторот претставува коло кое детектира присуство на проводни објекти на одредена оддалеченост. Колото ќе ја врши својата функција без разлика дали се работи за живо суштество или предмет, дали се движи или не. Се додека објектот се наоѓа во областа на чувствителност релејот ќе остане вклучен.

Исправки и дополнувања:
Исправка - Објектор (Емитер 7-8/97)

Во шемата на објекторот на стр. 49 (слика 1) испуштена е ознаката на транзисторот Т1 и изводот за напојување на колото. транзисторот Т1 треба да биде ист со Т2 т.е. BF494. Изводот за напојување (+12V) треба да се доцрта на горниот вод, каде што е споена катодата на D3.


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.