Рубрика: Телекомуникации
Радиоприемник - Desktop DX-394
Автор: Валентина Ивановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Доколку сакаме во домашна атмосфера да уживаме во благодетите на “стариот добар” радио приемник, во тој случај ќе ни треба приемник со големи димензии, добар звук и префинет естетски дизајн. За таа цел, ние ви го препорачуваме - Radio Shack Desktop DX-394.

DX-394 работи во фреквенцискиот дијапазон од 150KHz до 30MHz и е со димензии 9x23x20сm. Се напојува со наизменичен напон, а на неговата позадина постојат и џекови преку кои може да се вклучи и на 13.8V и 450mA, при подвижна употреба (во кола и сл.). На позадината има и приклучок за дополнително вклучување на звучници; RCA фоно џек за аудио излез; SO-239 џек за 50 омска антена и RCA фоно џек за антена со голема импеданса. ,,Телескопската" двослојна антена, која е монтирана во отворот на горниот дел од кутијата на приемникот, овозможува прием на сите фреквенции од интернационалната радио мрежа на кратка бранова должина.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.