Претворете го вашиот мобилен телефон во комуникациски радио приемник што може да ги прима сите фреквенции од 1 kHz do 2000 MHz. Слушајте ги фреквенциите на мобилните телефони, радиодифузни станици, такси компании, радиоаматерски фреквенции, и други службени радиокомуникации. Практично слушајте ги сите радиокомуникации во радиофреквенцискиот спектар.
За тоа ви е потребно: еден смарт мобилен телефон, СДР приемник, андроид апликација SDR Touch, OTG USB Кабел и, се разбира, – соодветна антена.
СДР-приемници има повеќе видови со различни можности. На Алиекспрес може да се набават за цена од околу 500 денари па нагоре.
Релативно евтин СДР-приемник може да најдете тука, додека Андроид софтверот може да го преземето од Google Play за 10 долари (тука) или, ако не сакате да плаќате преку интернет, може да изберете и бесплатна демо верзија на истиот софтвер, со ограничени можности, (тука).
Во видеото во прилог, користев малку поскап СДР-приемник кој се продава за околу 100 долари. Се вика SDRplay RSP1A и може да се нарача преку нивната официјална веб страница, тука.
За поврзување на мобилниот телефон со СДР-применикот потребен ви е таканаречен OTG УСБ кабел преку кој ќе се напојува СДР-уредот од батеријата на телефониот или преку надворешна батерија.
Во видеото може да се забележи дека јас самиот си го направив OTG кабелот, ама сепак е подобро да се набави оригинален OTG кабел кој не е скап. Во тоа може да се уверите ако само малку прочепкате низ Алиекспрес, како што тоа го направив јас па наидов на овој евтин примерок тука.
За прием на кратки бранови, антената може да се изработи од една бакарна жица со должина од 5 до 20 метри, која треба да се постави што подалеку од други објекти. На пример на покривот од зградата, на куќа или слично.
За прием на VHF/UHF може да се користи парче жица со должина од околу 1 метар, а за подобар прием може да се користи Yagi-антена за соодветната фреквенција.