Со мало задоцнување го одележуваме 18. октомври, јубилеен ден во развојот на електрониката. Имено, токму на овој ден во далечната 1954 година фирмата Тексас Инструментс (Texas Instruments) го пушти во комерцијална продажба првиот транзисторски портабл радио-приемник наречен Риџенси ТР-1 (Regency TR-1). Тој беше направен од геманиумски PNP-транзистори и имаше скромна снага во однос на портабл-приемниците со ламби (електронски цевки), што тогаш беа во употреба. Но, сепак, појавата на Риџенси ТР-1 донесе нова дефиниција на “портабл електрониката”.
Предноста беше евидентна. Имено, тогаш постоечките портабл радио-приемници со ламби се напојуваа со електрична енергија од два одделни необновливи батериски извори, едниот за напојување на влакното за загревање на катодата, а другиот за т.н. “аноден напон”. Ова таквите портабл радио-приемници ги правеше гломазни. За разлика од нив, транзисторскиот радиоприемник Tr-1, се напојуваше од само една џебна батерија од 9V. Така Tr-1 беше поттик за натамошен технолошки развој на полето на полуспроводничката електроника, што резултираше со масовен развој во комерцијалната продукција на транзистори и транзисторски уреди.
Денес, транзисторските радиоприемници останале во употреба како едно многу популарно комуникациско средство.